Компаниите од челичната индустрија загрижени поради мерките на ЕУ


Заштитните мерки за увоз на одредени челични производи во ЕУ, по истекот на времените мерки во почетокот на февруари идната година, внесуваат сериозна загриженост кај засегнатите компании од челичната индустрија, членки на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Како што соопшти Комората, ваквите ограничувања на увозот во ЕУ, во отсуство на други алтернативни …

Компаниите од челичната индустрија загрижени поради мерките на ЕУ Read More »

Горивата повторно поевтинуваат


Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,13, односно за 1,83 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се …

Горивата повторно поевтинуваат Read More »

Стопанска комора: Македонските компании потпросечно профитабилни, без иновации и дигитализација


Големите, традиционално етаблирани македонски компании на кои отпаѓаат 90 проценти од домашната економија се на дното во регионот по иновативност и дигитализација. Слабо внесуваат новини, инертни се и не сакаат да ризикуваат. За разлика од нив, како што беше речено денеска во Стопанската комора, старт-апите и бизнисите од ИТ секторот се подинамични, подготвени на промени, …

Стопанска комора: Македонските компании потпросечно профитабилни, без иновации и дигитализација Read More »

Тевдовски: Во 2018 јавниот долг e ставен под контрола


Јавниот долг е ставен под контрола, а годинава е направен сет од десет клучни реформи за подобар систем на јавни финансии, оцени денеска министерот за финансии Драган Тевдоски. Тој посочи дека со даночната реформа ќе се обезбеди фер даночен систем и постепена фискална консолидација. Пензиската реформа ќе го стабилизира ПИОМ и ќе го намали дефицитот …

Тевдовски: Во 2018 јавниот долг e ставен под контрола Read More »

Србите извисија по наредба на Рама: Бугари го купуваат „Телеком Албанија“


Бугарската телекомуникациска компанија „Виваком“ ќе биде новиот сопственик на „Телеком Албанија“ (ТАЛ). Како што јави дописникот на МИА, според информациите, ТАЛ, кој е втор најголем оператор во Албанија и е во сопственост на „Дојче телеком“, е пред финализирање на договорот со „Виваком“, чиј главен акционер е Спас Русев. „Виваком“ во моментов е најголема бугарска телекомуникациска …

Србите извисија по наредба на Рама: Бугари го купуваат „Телеком Албанија“ Read More »

Годинава 370,7 милиони евра поврат на ДДВ за фирмите


Повратот на ДДВ кон фирмите достигна 22,8 милијарди денари или 370,7 милиони евра, заклучно со ноември. Тоа се 18 отсто повеќе во однос на лани. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека повратот на ДДВ сега, за разлика од порано, се одвива редовно и навремено – по автоматизам. Тевдовски посочува дека годинава е oстварен висок …

Годинава 370,7 милиони евра поврат на ДДВ за фирмите Read More »

Анѓушев: Во 2019 година секоја градежна машина ќе биде активирана


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев најави нова градежна офанзива и рече дека во 2019 година нема да има неангажирана градежна машина, ниту доволен број градежни машини да ги сработат сите проекти што ќе бидат отворени. Во емисијата „24 анализа“, Анѓушев ги образложи таргетите на градежната експанзија за 2019 година. Рече дека меѓу нив се …

Анѓушев: Во 2019 година секоја градежна машина ќе биде активирана Read More »

Тевдовски: 2019 ќе биде година во која ќе растат платите


Следната година ќе биде година во која ќе растат платите, бројот на работните места и инвестициите. Ако 2018 година беше година на крупни реформи и поставување на темелите за еден подобар економски систем, 2019 треба да биде година во која веќе посериозно треба да се почуствуваат ефектите од овие реформi, вели во интервју за МИА …

Тевдовски: 2019 ќе биде година во која ќе растат платите Read More »

Визер ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје


Нискобуџетната авкиокомпанија Визер беше избрана на јавниот повик за авиосообраќање во Република Македонија, кој, како што информираше на прес-конференција министерот за траспорт и врски Горан Сугаревски, завршил денеска, а компанијата ги исполнила сите услови и критериуми во повикот. На третиот јавен повик, откако претходните два биле неуспешни, пристигнало само едно барање и тоа од Визер, …

Визер ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје Read More »

Собранието го донесе Буџетот за 2019 година


По три дена расправа, со 61 глас „за“ и 15 против, Собранието на Република Македонија попладнево го изгласа Буџетот за 2019 година. Вкупните планирани приходи во државната каса се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 процента, додека стапката на инфлација на два отсто. …

Собранието го донесе Буџетот за 2019 година Read More »

Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје во 2018 година


„Лајт џез клуб“, „Стара градска куќа“ и „Скопски мерак“ годинава се најдобри три ресторани во главниот град, избрани од Секторот за локален економски развој  на Град Скопје во соработка со SWOT Research – специјализирана  агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитетот на услугата. Преку тајни купувачи за најдобри три гостилници се прогласени: …

Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје во 2018 година Read More »

Просечната нето плата исплатена во октомври 24.817 денари


Просечната нето-плата исплатена во октомври изнесувала 24.817 денари и била повисока за 6,3 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според податоците на ДЗС, зголемувањето се должи пред сѐ на покачувањето на платите во секторот Рударство и вадење на камен,  Информации и комуникации и Преработувачка индустрија. Зголемување на просечната …

Просечната нето плата исплатена во октомври 24.817 денари Read More »

Фити: Што ќе прави министерот во Прилеп ако премиерот е во Скопје?


Дали решение за регионалниот развој и за намалување на иселувањето е јавната администрација да се исели од Скопје кон поголемите македонски градови? Предлогот на професорот Марјан Бојаџиев за Македонија како мегалополис, или претворање на цела Македонија во еден град, за академик Таки Фити ниту може да се реализира ниту е решение за регионалниот развој. На …

Фити: Што ќе прави министерот во Прилеп ако премиерот е во Скопје? Read More »

НБМР: Банкарскиот систем стабилен


И во третото тримесечје од годинава банкарскиот систем ја задржа својата стабилност, оцени Народната банка на Република Македонија (НБРМ) на денешната редовна седница на Советот. Според НБРМ, претпоследниот квартал од 2018 година се одликуваше со забрзување на растот на активата, што се должи и на кредитите на нефинансиските субјекти и на ликвидните средства. Во рамки на кредитите на …

НБМР: Банкарскиот систем стабилен Read More »

Како седум македонски: Бруто-платата во Западна Германија изнесува 4.000 евра


Просечната бруто-плата во западногерманските провинции изнесува 4.013 евра месечно, а во источниот дел на земјата 3.173 евра. Ако го споредиме ова со Македонија каде што просечната бруто-плата е 582 евра, ќе дојдеме до заклучок дека бруто-платата во Западна Германија е точно 6,8 пати поголема од македонската. Најголем пораст на платите е забележан во секторот за …

Како седум македонски: Бруто-платата во Западна Германија изнесува 4.000 евра Read More »

Трошоците за храна и комуналии колку просечната нето плата


Граѓаните кои земаат просечна нето плата не можат да ги задоволат основните потреби во текот на месецот. Најголем дел од платата оди за храна, пијалоци и за сметки така што остануваат многу малку пари за да се помине месецот и да се дочека новата плата. Последните податоци објавени од Државниот завод за статистика покажуваат дека …

Трошоците за храна и комуналии колку просечната нето плата Read More »

Силк Роуд Банка со промотивна новогодишна кампања за корисниците на Американ Експрес картичките


По повод претстојните новогодишни и божиќни празници Силк Роуд Банка АД Скопје за корисниците на American Express картичките подготви вистинско новогодишно шопинг доживување. За прв пат во Македонија, единствено корисниците на American Express картичките издадени од банката со секоја трансакција направена на ПОС терминал од 19.12 до 30.12.2018 година во продавниците на Women’secret, Geox, Springfield, …

Силк Роуд Банка со промотивна новогодишна кампања за корисниците на Американ Експрес картичките Read More »

Собранието расправа за Буџетот за 2019 година


Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата по дополнетиот Предлог буџет за 2019 година со кој како што образложи министерот за финансии Драган Тевдовски главните цели се повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО Вкупните приходи се …

Собранието расправа за Буџетот за 2019 година Read More »

Буџетот за 2019 пред пратениците – повисоки плати и намален дефицит


Повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО се клучните цели на Предлог-буџетот за 2019 година. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски образложувајќи го дополнетиот предлог буџет пред пратениците во Собранието, кој наведе дека Предлог-буџетот на Република …

Буџетот за 2019 пред пратениците – повисоки плати и намален дефицит Read More »

Сугарески: Наскоро почнува изградбата на автопатот кон Косово


Проектирањето на првите 1,9 километри од автопатот Скопје-Блаце ќе биде завршено во текот на следниот месец, веднаш потоа ќе се распише тендер, а се очекува во следните неколку месеци да почне и изградбата на тој дел од делницата, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. -Тој автопат е приоритетен и веднаш по завршувањето …

Сугарески: Наскоро почнува изградбата на автопатот кон Косово Read More »