Силк Роуд Банка со промотивна новогодишна кампања за корисниците на Американ Експрес картичките


По повод претстојните новогодишни и божиќни празници Силк Роуд Банка АД Скопје за корисниците на American Express картичките подготви вистинско новогодишно шопинг доживување.

За прв пат во Македонија, единствено корисниците на American Express картичките издадени од банката со секоја трансакција направена на ПОС терминал од 19.12 до 30.12.2018 година во продавниците на Women’secret, Geox, Springfield, Parfois, Okaidi, Mango, Superdy добиваат 10% поврат на средствата, во Сетек – Се од техника – 5%, Крш играчки, Original Marines и Carter’s – 15%, Sara Fashion – 20% и Еликсир парфимерии – 25% поврат на средствата од износот на направената трансакција. Повратот на средствата се однесува за сите артикли во продавниците, без ограничување и без разлика дали истите се веќе на попуст или не.

Силк Роуд Банка АД Скопје е единствен и ексклузивен издавач во Македонија на American Express картичките (American Express Point дебитна картичка и American Express Green и Gold кредитни картички).