Собранието расправа за Буџетот за 2019 година


Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата по дополнетиот Предлог буџет за 2019 година со кој како што образложи министерот за финансии Драган Тевдовски главните цели се повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО

Вкупните приходи се планирани на 210,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнеусва 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП.

Вкупните расходи се во функција на редовно и навремено исполнување на сите законски обврски, поддршка на домашната економија, забрзување на инфраструктурните проекти, како и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО, а за капиталните инвестиции се издвоени26 милијарди денари.

Растот на економијата е проектиран на 3,2 проценти.

Во расправата пратениците од владејачкото мнозинство со поддршка на предложниот буџет, кој според нив е социјален и со многу повеќе инвестициски вложувања. За пратениците од опозицијата тој е мегаломански, неразвоен и расипнички, а власта без капацитет да реализира проекти.

Кети Смилеска од СДСМ рече дека е тој е конципиран на реална основа, кој дава поддршка на пензиските реформи,повеќе средства за 37 проценти за економски раст, бруто инвестиции за 4,2 проценти раст, како и капитални инвстиции од 26 милијарди денари и кои се очекуваат да се реализираат во поголем процент.

– Надминати се проблемите со изградба на патиштата, на железичната пруга кон Бугарија, има интензитетот на работите на гасификацијата, поголема поддршка за проекти на единиците на локалната самоуправа, рече Смислеска.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека Владата нема капациет за реализација на проекти. – Две години сте веќе на власт и влегувате во трета година престанете да кажувате што направила претходната власт, се очекува од вас нешто да направите, рече Кузмановска, додавајќи дека власта нема капацитет и оти нема рализирано ниту еден проект, а поради немањето капацитет одредени сегменти во буџетот што и сега се намалени уште повеќе ќе се намалат со ребалансот.

Нејзиниот сопартиец Зоран Илиоски, исто така, посочи дека оваа власт нема направено ништо во двегодишниот мандат и дека не реализира она што е проектирано.

-Лани имавте раст на БДП од 0,1 отсто, оваа година предвидувавте раст од 3,2 отсот, го намаливте на 2,8 отсто и мислам дека ќе бидете среќни ако ја завршите годината со два отсто. Капиталните расходи за оваа година имавте предвидено 400 милиони евра, до 10 месец стигнавте до 123 милиони евра и до крајот на годината ако стигнете до 150 милиони ќе бидете среќни и задоволни, рече Илиоски.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека Владата нема направено ништо од она што го ветила. истакна дека економскиот раст е промашен три пати, раст на економијата нема, а и капиталните расходи се реализирани со 30 проценти од првично проектираното.

-Само да продолжевте со реализација на проектите од претходната власт со предвидената динамика ќе имавте поголема реализација на капиталните расходи, рече Мицевски, додавајќи дека тие не се завршени поради неспособноста на власта.

Диме Велков од СДСМ не се согласи со пратениците од опозицијата дека предложениот буџет е нереален, расипнички и несоцијален посочувајќи дека се предвидени средства и за социјално загрозените категории и многу пвоеќе инвестициски вложувања.

Првпат, рече Велков, во делот на економскиот раст имаме 1,1 милијарда денари за поттикнување на вработување и напомена колку средства се предвидени за многу други проекти.

Јован Митревски потенцира дека со буџетот не се луксуз трошењето средства за возила во здравството и судството и мебел за училиштата и студентиските домови.

Според Катерина Кузмановска од СДСМ, опозицијата треба да има доблест и да каже и што е добро во овој буџет.

-Поразлични сме и важно е како ги трошиме парите. Парите ќе ги насочиме кон интензивирање на интеграција во ЕУ и НАТО, повисоки плати, социјални додатоци и историски највисок износ за мерки за вработување, рече Кузмановска.

Реџаил Исмаили од ДУИ порача дека и буџетот за 2019 година и оние после тоа треба да се проектираат врз основа на она што е најважно за земјата, а тоа е зачленување во НАТО и ЕУ, да се постигне раст на економијата од 5 проценти и да се оствари реализација на капиталнтие проекти.

Побара да се обрне внимание на три сектори кои ќе придонесат кон развој а тоа се земјодлеството, туризмот и услугите, како и на реализација на проектите од Коридорот 8.

Три сектори на кои треба да им се посвети вниманието, бидејќи во овие три сектори се сектори што нашата земја ги има како приоритет. За да се успее треба да се прават инвестиции и потребни во инфраструктура.

-Посебен акцент треба да се стави на проектите од Коридорот 8 и ја охрабрувам Владата и Министерството за финансии наредните да даде приоритет на автопатот Кичево-Охрид и железничката пруга Кичево-Лин и Куманово -Бељаковце, рече Исмаили и ги охраби на посериозен и побрз пристап за реализација на овие проекти.

Според него, со реализирање на проектите може да се постигне наредните години економски раст од пет проценти, а што треба да биде објективна цел на сите.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во расправата рече дека е клучно што има внатре во буџетот.

– Во минатото имаше критики, но во минатото имаше плаќање во споменици, жални врби…., минатата година треба да бидете фер и да кажете дека растот беше негативен, а потоа дојде до забрзување. Факт е дека во моментов движењето е паради придонесот на приватниот сектор и тоа е добро и 2019 година ќе има многу посилен економски раст, рече Тевдовски.

Расправата во Собранието, согласно Деловникот пет работни дена.