Најмногу тргуваме со Грција и со Германија, извозот зголемен за 21,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија и Грција


Од Македонија минатата година се извезени стоки во вкупна вредност од  6.907.998.000 долари,  што претставува пораст од 21,8  отсто во однос на 2017 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.052.195.000 долари,  односно за 17,3  проценти повеќе во споредба со 2017 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − …

Најмногу тргуваме со Грција и со Германија, извозот зголемен за 21,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија и Грција Read More »

Купувањето недвижности во странство веќе е легално


Правните и физичките лица веќе можат легално да вложуваат во недвижности и хартии од вредност во странство. Народна банка информира дека со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) се овозможуваат не само поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица, туку и поголем степен на интеграција на домашниот …

Купувањето недвижности во странство веќе е легално Read More »

Нискобуџетната авиокомпанија „Германија“ објави банкрот


Германската нискобуџетна авиокомпанија „Германија“ (Germania) денеска поднесе барање за стечај откако не успеа да обезбеди краткорочно финансирање за одржување на компанијата и објави дека ги откажува сите летови. Одлуката на компанијата со седиште во Берлин, која има 37 авиони и превезуваше повеќе од четири милиони патници годишно, стапи во сила веднаш. „Германија“ леташе главно од …

Нискобуџетната авиокомпанија „Германија“ објави банкрот Read More »

Angjusev: Electricity debt write-off meant to help citizens, not companies


Speaking in Ohrid on Friday, Prime Minister Zoran Zaev said “there is a will” on both sides to wipe out citizens’ debts accrued before 2006. “We intend to write off EUR 110 million in citizens’ debts,” PM Zaev said. “That’s a lot of money and would come as a great relief to citizens.” Deputy Prime …

Angjusev: Electricity debt write-off meant to help citizens, not companies Read More »

Најавена забрзана реализацијата на инвестициите од 35 милиони евра на ТАВ


Соработката на Владата со концесионерот на аеродормите во Скопје и во Охрид, турски ТАВ, ќе се продлабочува и ќе се забрза процесот на реализација на инвестициите од ТАВ за инфраструктурни проекти во износ од 35 милиони евра, најавиле на денешната средба премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со извршниот директор на …

Најавена забрзана реализацијата на инвестициите од 35 милиони евра на ТАВ Read More »

Дизелот поскап за денар и половина од полноќ


Нафтените деривати од ноќеска по полноќ поскапуваат од половина до денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така, цената на еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар и новата цена ќе биде 63,50 денари за литар. За еден денар поскапо ќе се продаваат еуросупер БС-95 и екстра лесното масло. Малопродажната цена на …

Дизелот поскап за денар и половина од полноќ Read More »

Николовски: Со измени на Законот ќе сe исплати долгот кон лозарите


Со брзи измени на Законот за земјоделство и рурален развој в понеделник ќе биде донесена одлука со која државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за грозје предадено пред неколку години, за да бидат исплатени во најкус можен рок. Постои можност потоа државата да си го врати тој дел од откупувачите должници. …

Николовски: Со измени на Законот ќе сe исплати долгот кон лозарите Read More »

Заев, Сугарески и Георгиевски во „Костал“: Планирани се нови инвестиции од 24 милиони евра


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и в.д. градоначалникот на Oпштина Охрид, Константин Георгиевски вчера ја посетија фабриката на германската компанија „Костал“ во Охрид. Како што соопшти денеска владината прес-служба, при обиколката на постоечкиот производствен погон, што се протега на површина од 5,800 метри квадратни и …

Заев, Сугарески и Георгиевски во „Костал“: Планирани се нови инвестиции од 24 милиони евра Read More »

„Македонија вработувала“, ама не плаќала придонеси


Ударничкото намалување на невработеноста со проектот „Македонија вработува“ ќе удри по даночните обврзници. Тие, и во овој случај, ќе треба да ја платат цената на политичкиот профит на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од субвенционираните вработувања во периодот од 2015 до 2017 година. Затоа што за овие работници никој не плаќал придонеси. Проектот „Македонија …

„Македонија вработувала“, ама не плаќала придонеси Read More »

Северна Македонија поевтино ќе се задолжува


На меѓународните пазари на капитал во моментов се тргува со четири македонски обврзници, чија вредност порасна по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент. Тоа значи дека најголемите меѓународни финансиски институции и банки позитивно ја гледаат Македонија и, уште побитно, позитивно ги гледаат перспективите на идното движење на земјата, политички и економски, и затоа има …

Северна Македонија поевтино ќе се задолжува Read More »

АДСДП: Новата социјална зграда во Струмица е само уште една во низата следни проекти на ваков тип објекти


Директорот на АД а изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски денеска извршија увид во завршената станбена зграда за социјално ранливи категории на граѓани во Струмица. Директорот на АДСДП Кристијан Трајковски изјави дека …

АДСДП: Новата социјална зграда во Струмица е само уште една во низата следни проекти на ваков тип објекти Read More »

Лидер во регионот: Според Индексот на економска слобода, Македонија се приближува до Скандинавија


Оценката за економската слобода на Македонија е 71,1, што ја прави нашата економија 33. најслободна земја во светот, според Индексот на економски слободи за 2019 година. Македонија е рангирана на 17. место меѓу 44 земји од Европа, а вкупниот резултат е над регионалните и светските просеци. Македонија ја одржува макроекономската стабилност по глобалната финансиска криза, …

Лидер во регионот: Според Индексот на економска слобода, Македонија се приближува до Скандинавија Read More »

ССК: Домашни фирми си одат од земјава, политичката неизвесност го изеде приватниот сектор


Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор. Голем е бројот на компании што се заинтересирани да ги преселат своите бизниси во соседството, посебно во Бугарија и Србија, а не престанува и заминувањето на младите од земјава, предупреди денеска Сојузот на стопански комори (ССК). Според ССК, во услови на кршлива економија, политичките лидери треба да ја спуштат …

ССК: Домашни фирми си одат од земјава, политичката неизвесност го изеде приватниот сектор Read More »

Ројтерс: Инвеститорите ги бараат македонските еврообврзници


Инвеститорите се нафрлија на македонските обврзници откако Договорот од Преспа помина во грчкиот парламент, што го отвори патот за влез на земјата во НАТО и во Европската унија, пишува агенцијата Ројтерс. Македонската еврообврзница во понеделникот достигна највисока вредност во последнава година и има раст од 3,5 проценти само во последните десет дена, ги цитира Ројтерс …

Ројтерс: Инвеститорите ги бараат македонските еврообврзници Read More »

Онлајн кредити легален и сигурен начин за добивање неопходни финансиски средства


Брзиот начин на живот, зголемените животни трошоци како и околностите кои влијаат на секојдневното живеење, доведуваат до потреба од неопходни финансии за задоволување на потребите на граѓаните. Онлајн кредитите кои ги нудат финансиските друштва се наједностaвниот и најбрзиот начин за решавање на ваквите проблеми и покривање на непредвидливите финансиски трошоци. Тие се фокусираат на оние …

Онлајн кредити легален и сигурен начин за добивање неопходни финансиски средства Read More »

Обвинителството ќе утврдува кој давал, а кој земал од Пензискиот фонд


Кој е виновен за скандалот со неуплатените придонеси на 12.000 осигуреници ќе утврдува Обвинителството, доколку во документите што ги достави Министерството за труд и социјална политика најде доволно докази за да отвори постапка. Од ОЈО информираа дека кривичната пријава стигнала вчера попладне и дека била распоредена кај надлежен обвинител во скопско јавно обвинителство. Паралелно со …

Обвинителството ќе утврдува кој давал, а кој земал од Пензискиот фонд Read More »

Царовска: Просечната пензија за една година е покачена од 13.954 на 14.445 денари


Порсечната пензија, од декември 2017 до декември 2018 година е порасната од 13.954 на 14.445 денари , посочи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во вечерашното гостување на „24 анализа“. „Во изминатата година докажавме дека пензиите растат и тоа ќе биде случај и оваа година. Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата која ја правиме …

Царовска: Просечната пензија за една година е покачена од 13.954 на 14.445 денари Read More »

Тевдовски: Клучно е да нема фискални ризици со поврат на ДДВ на граѓаните


Министерот за финансии Драган Тевдовски, по најавата од премиерот Зоран Заев дека од 1 јули годинава ќе има поврат на ДДВ за граѓаните, денеска изјави дека е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин и да нема фискални ризици. – За мене е најважно тоа да биде спроведено на правилен начин, сакаме да бидеме …

Тевдовски: Клучно е да нема фискални ризици со поврат на ДДВ на граѓаните Read More »

Царовска откри злоупотреби на пензискиот систем


Власта обвини дека претходната власт го злоупотребувала пензискиот систем во политички цели. Цела деценија не биле креирани политики врз основа на бројки и факти туку пензискиот систем бил ставен во функција на избори, при што се давале пари кога требало да се „купат“ пензионерите. Како последица на погрешните политики на претходната влада, ад хок зголемувањата …

Царовска откри злоупотреби на пензискиот систем Read More »