Онлајн кредити легален и сигурен начин за добивање неопходни финансиски средства


Брзиот начин на живот, зголемените животни трошоци како и околностите кои влијаат на секојдневното живеење, доведуваат до потреба од неопходни финансии за задоволување на потребите на граѓаните. Онлајн кредитите кои ги нудат финансиските друштва се наједностaвниот и најбрзиот начин за решавање на ваквите проблеми и покривање на непредвидливите финансиски трошоци. Тие се фокусираат на оние потрошувачи на кои им се потребни мали кредити, а кои не сакаат да дадат обезбедување или пак го немаат. Исто така, финансиските производи на Финансиските друштва се прилагодени главно за краткорочна употреба, со што не ги принудуваат граѓаните да влезат во долгорочни финансиски односи.

Благодарение на ваквиот тип на финансирање намален е и бројот на нелегалните организирани групи кои вршат позајмување пари со правила кои тие сами ги утврдуваат. Овие организирани групи неретко, по дадениот заем, ги менуваат условите за враќање на позајмиците и потоа вршат притисок и ги малтретираат граѓаните. Во одделот за корупција и организиран криминал во МВР има голем број пријавени случаи во кои граѓани се жртви на насилство, како психичко така и физичко, од страна на лихвари кои најчесто во одреден момент одлучиле да ги зголемат каматите на позајмените средства. Затоа, потребата од добивање онлајн кредити, најчесто со мали износи, со кои во одреден момент граѓаните ги решаваат за нив горливите финансиски проблеми, е се поголема. Тие се најдобар начин лицата кои ќе се најдат во тешки финансиски ситуации на легален и сигурен начин да ги добијат потребните средства, без притоа да стравуваат дека каматната стапка ќе се зголеми или, пак, дека ќе се соочат со дополнителни проблеми.

Потребата од легален и сигурен начин на кредитирање на населението со позајмици на помали износи, може да се види и по извештајот за финансиска стабилност за 2017 година на Народна банка во кој таа има нотирано тројно зголемување на бројот на новосклучени договори во истата година, во однос на 2016 година. Па така, во 2017 година од страна на овие друштва биле пласирани средства во висина од 33,6 милиони евра, при што раст има и на бројот и на вредноста на активните договори и кај физичките и кај правните лица.

Со Законот за финансиски друштва, донесен во 2010 година и отворањето на финансиските друштва во Република Македонија, граѓаните добија можност во краток временски рок, без дополнителни нотарски трошоци и низа формални документи, да ги добијат неопходните средства. Со појавата на овие друштва, чија работа е под контрола на Министерството за финансии, секој вработен или пензионер доби можност да подигне кредит во само неколку чекори, за разлика од традиционалните банки во кои процедурата за добивање кредит трае и до неколку недели. Секое друштво има своја веб страница преку која може да се побара заем. Кога ќе се отвори страницата може веднаш да се видат условите и погодностите кои ги нуди друштвото, да се добие информација колкава ќе биде висината на ратата за бараниот износ и период на враќање на средствата, и да се аплицира. Друштвата нудат и можност, според познати и утврдени услови, за пролонгирање на плаќањето на ратите, односно временскиот рок за враќање на позајмените средства, како и можност и при одобрен кредит средствата да не се подигнат.

Бесплатниот, лесен и брз процес на аплицирање кој го нудат сите финансиски друштва ги прави овие кредити вистински избор во случај на потреба на неопходни финансиски средства, независно дали се работи за покривање на трошоци за медицинска интервенција, школување деца, реновирање на домот, плаќање сметки, покривање минусни салда и слично. Секој апликант, вработен или пензионер, само со лична карта и трансакциска сметка сега лесно и сигурно може да добие средствата за задоволување на конкретните потреби.