Ројтерс: Инвеститорите ги бараат македонските еврообврзници


Инвеститорите се нафрлија на македонските обврзници откако Договорот од Преспа помина во грчкиот парламент, што го отвори патот за влез на земјата во НАТО и во Европската унија, пишува агенцијата Ројтерс.

Македонската еврообврзница во понеделникот достигна највисока вредност во последнава година и има раст од 3,5 проценти само во последните десет дена, ги цитира Ројтерс податоците на Трејдвеб.

“Македонија е кредит кој се движи во вистинската насока”, вели Марк Даудинг, портфолио менаџер во фондот „Блубеј асет менаџмент“.

Атрактивноста на Македонија за странските инвеститори, по ратификацијата на меѓудржавниот договор, е проследена со таков тренд и кај Грција.