Хрватска е против промена на границата меѓу Косово и Србија


Хрватска не ја поддржува идејата за корекција на границата меѓу Косово и Србија, затоа што не верува дека тоа ќе придонесе за стабилноста на регионот, изјави хрватската амбасадорка во Приштина Марија Капитановиќ во интервју за весникот „Зери“. Тоа може само да отвори нови прашања и нема да доведе до решение на постојните, вели таа. На […]

Дојче веле: Секој може да купи европско државјанство


Во Бугарија неодамна е откриена измамничка мрежа која за пари фалсификувала сертификати за бугарско потекло и на тој начин преку Бугарија се добивало државјанство од ЕУ, кое, како што пишува Дојче веле, може да се купи и илегално. Државјанствата на ЕУ или неограничените европски дозволи за престој спаѓаат во оние кои најтешко се добиваат во […]

Тачи: Попрво би седнал да разгоаварам со еден ѓавол одошто со Вучиќ


Претседателот на Косово Хашим Тачи  потврди дека утре во Брисел ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Косово и Србија и рече дека очекува тешка средба со неговиот српски колега Александар Вучиќ. Тачи во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес рече дека повеќе би сакал да седне на преговарачка маса „со некој ѓавол, одошто со Вучиќ“. […]

Албанската полиција уапси Италијанец и Србинка барани со меѓународна потерница


Албанската полиција, во два одделни случаja, уапси двајца странски државјани барани со меѓународна потерница. На меѓународниот аеродром во Тирана уапсен е италијанскиот државјанин Александро Џорџи (41) баран со меѓународна потерница распишана од Интерпол-Франција. Италијанецот се бара за кривично дело „измама“ а бил запрен на аеродромот по слетувањето на авионот кој летал на релација Рим-Тирана. Во […]

Состанок на Вучиќ и Тачи утре во Брисел


Состанок на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина ќе биде одржан утре, 8 ноември во Брисел, со посредство на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ. Могерини ќе биде домаќин на состанокот меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи. -Се очекува дека Вучиќ и Тачи […]

Весели: Неукинувањето на визите за Косово претставува расизам


Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели го нарече „расизам“ кон граѓаните на Косово, одбивањето на визната либерализација од страна на некои членки на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели на прес-конференција по седницата на Претседателството на Собранието изјави дека косовските граѓани се неправедно оставени во изолација и очекува од Австрија, како претседавач […]

Вандал урнал споменик на Раде Кончар, па завршил во болница


Маж во Сплит, Хрватска, чие име не е објавено, во текот на ноќта го урнал споменикот на партизанскиот херој Раде Кончар. Инцидентот се случил околу 4:35 часот, кога вандал го извадил споменикот од лежиште на херој од НОВ, Раде Кончар, во паркот Бачвице, потврди полицијата во Сплит. При уривањето, бистата му паднала на нога на […]

Приштина зголемува за 10 отсто данок на стоки од Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека неговата Влада на денешната седница донела одлука да воведе дополнителни 10 отсто на таксите за производите кои се увезуваат од Србија и порача дека од денеска па натаму во Косово ќе се донесуваат одлуки во врска со однесувањето на Србија без за нив да се расправа во Брисел. – […]

Мицотакис: Уставните амандмани се уште полоши од самиот Договор од Преспа


Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, говорот пред неговата пратеничка група на денешниот состанок, го почна со прашањето за името и Договорот од Преспа, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада. Мицотакис рече дека уставните измени кај нас се уште полоши од самиот договор, но и повтори дека неговата партија нема да […]

По една година Мета го потпиша указот прв разузнавач да биде Хелидон Бендо


Албанскиот претседател Илир Мета, конечно го потпиша указот со кој Хелидон Бендо стана директор на  албанската тајна служба – ШИШ. Својот параф на указот, Мета го стави по една година откако во неговиот кабинет во октомври лани, пристигна предлогот на премиерот Еди Рама  прв разузнавач да биде Бендо, на местото на Вишо Ајази Лика кој […]

Курц: Ќе поддржиме секаков договор меѓу Приштина и Белград


Австристкиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска престојува во Приштина, изјави дека Виена ќе го поддржи секое решение за кое ќе се договорат Косово и Србија, вклучително и корекцијата на границата и размената на територии, јави дописникот на МИА од Приштина. – Тука имам многу јасен став. Австрија се согласува со кој и да е договор […]

Југословенската џебна подморница ќе стане музеј


Подморницата „П-911 Тиса“, произведена во поранешна Југославија во 80-тите години, ќе биде претворена во музеј, јави Танјуг. Таканаречената џебна подморница, која стигна во Белград од Бока Которска со специјален камион, е една од шесте диверзантски подморници кои, според проект на Бродарскиот институт од Загреб, се изградени во периодот од 1981 до 1986 година и кои […]

Локалните избори во Албанија на 30 јуни 2019


Локалните избори во Албанија ќе се одржат на 30 јуни 2019 година,  соопштија од кабинетот на претседателот Илир Мета, кој по средбата со спикерот на парламентот Грамоз Ручи, го потпиша и указот за датумот на одржување на изборите. На средбата, според соопштението од кабинетот на Мета, тој го запознал Ручи со консултациите кои ги имаше […]

Косово: Три години затвор за поранешниот градоначалник на Липљан


Судот во Приштина го прогласи за виновен поранешниот градоначалник на Липљан, Шукри Буја, за злоупотреба на службената должност и го казни со три години затвор, јави дописникот на МИА од Приштина. Од останатите осум обвинети во истиот судски процес, четворица се ослободени од вина, а останатите се казнети со затвор од шест месеци до 2,5 […]

Словенија и Хрватска најмалку влијаат во ЕУ


Според истражувањето на Европскиот совет за надворешни работи, со седиште во Лондон и фондацијата „Штифунг Меркатор“ со седиште во Есен, највлијателни држави во ЕУ се Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, додека Словенија и Хрватска се најмалку влијателни. Словенија и Хрватска се на 25 место кога е во прашање нивното општо влијание во ЕУ, каде […]

Харадинај: Србија не е за верување


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на идејата на претседателот Хашим Тачи за „корекција на границата со Србија“, оценувајќи дека зад таквите идеи, кои ги поддржува и официјален Белград, пред се српскиот претседател Александар Вучиќ, се крие намерата за поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната средба со подмладокот […]

(ФОТО) Најубавата плажа во Хрватска го смени изгледот по силното невреме


По силното невреме што ја зафатија Далмација и ги прекинаа сообраќајните врски со островите, познатата хрватска плажа „Златни рат“ на јужниот брег на островот Брач повторно го смени својот изглед, пишува „Јутарњи.хр“. Силниот ветер и активноста на морските струи го свртеле врвот на „Златни Рат“ кон запад, а плажата таквиот изглед ќе го задржи сѐ […]

Потона албански рибарски брод, рибарите спасени по четири часа на отворено море


Потона албански рибарски брод, рибарите спасени по четири часа на отворено море Албански рибарски брод потона во водите на Јонско Море, а четворицата рибари имале голема среќа, зашто по четири часа на отворено море, се спасени од траектот кој сообраќа на релација Бриндизи-Валона. Бродот потонал во близина на островот Сазан, а рибарите успеале да останат […]

Албанија ја напуштиле околу 3.000 медицински сестри за осум месеци


Здружението на медицински сестри побара од албанската Влада под итно да преземе неопходни мерки за надминување на проблемите со кои се соочуваат, со цел да запре нивното се помасовно заминување во странство. Според Здружението, од јануари до август годинава, Албанија ја напуштиле околу 3.000 медицински сестри, а уште стотици се подготвуваат да заминат по завршувањето […]

Tурска амбасадорка e отповикана зашто се облекла како Елена Тројанска


Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп, е отповикана поради тоа што на приемот по повод 95-годишнината од основањето на модерната Турска Република облекла костим како Елена Тројанска. Весникот „Хуријет“ објави фотографија која покажува дека на приемот во амбасадата во Кампала, амбасадорката носи фустан со мотиви од грчката антика. Слични комбинации, како што се пренесува, носеле […]