Хрватска е против промена на границата меѓу Косово и Србија


Хрватска не ја поддржува идејата за корекција на границата меѓу Косово и Србија, затоа што не верува дека тоа ќе придонесе за стабилноста на регионот, изјави хрватската амбасадорка во Приштина Марија Капитановиќ во интервју за весникот „Зери“.

Тоа може само да отвори нови прашања и нема да доведе до решение на постојните, вели таа.

На прашањето за визна либерализација за Косово, амбасадорката одговори дека во моментот не може да  каже кога косовските граѓани ќе имаат можност да се движат слободно во Европа.