Албанскиот претседател не и потпишува указ на владата


Албанскиот претседател Илир Мета и официјално е соопштено дека одлучил да не го става својот потпис на указот на предлогот на премиерот Еди Рама, нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши. Теди Блуши, потпаротол на претседателот, соопшти дека „Претседателот на Републиката, Илир Мета не е целосно убеден за да даде доверба на кандидатурата […]

Ситуацијата во Србија е значително влошена


Европратеничка Тања Фајон оцени дека ситуацијата во Србија е многу се влошила во претходните две години, наведувајќи дека „нема ефикасна контрола на извршната власт, ниту напредок во однос на владеењето на правото”, како и тоа дека Србија треба да направи повеќе во однос на нормализирање на односите со Косово. Претставувајќи своите впечатоци по неодамнешната посета на […]

Земјотрес кај грчкиот остров Закинтос


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран денеска околу во 10 часот во Јонското море, кај грчкиот остров Закинтос. Според Институтот за геодинамика на Националната обсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 58 километри југозападно од Закинтос. Ова е втор земјотрес што го зафати регионот за краток период. Првиот […]

Фајон: Состојбата во Србија е значително влошена


Европратеничката Тања Фајон по дводневниот престој во Србија оцени дека состојбата значително се влошила во изминатата година-две, наведувајќи дека „ не постои ефективна контрола врз извршната власт ,ниту напредок во однос на владеењето на правото“, како и дека Србија треба да стори повеќе во однос на нормализација на односите со Косово. Изнесувајќи ги впечатоците по […]

Грабар-Китаровиќ: Разочарана сум што не е постигнат напредок со Србија за исчезнатите лица


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека е разочарана што не е постигнат напредок во разговорите со Србија за решавање на проблемот со исчезнатите лица, како и дека од тоа зависи нејзината официјална посета на Србија. – Не знам како се чувствува господинот Вучиќ, но јас се чувствувам разочарано што не е постигнат напредок во решавањето […]

Косовското МНР тврди дека Дачиќ лаже оти Доминика го повлекла признавањето на Косово


Министерството за надворешни работи на Косово ги демантира наводите на шефот на српската диломатија Ивица Дачиќ дека Доминика ја повлекла одлуката за признавање на Република Косово како независна држава. Јетлир Зиберај, советник на министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, изјави за  медумите дека оваа информација е „само уште една во низата лаги на […]

Бериша најави масовени антивладини протести до соборување на премиерот Рама


Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша, му порача на актуелениот претседател на Владата, Еди Рама дека „ќе биде соборен пред локалните избори во 2019 година“. Гостувајќи во телевизиска дебата Бериша истакна дека опозицијата се подготвува за масовни антивладини протести. – Демократската партија (ДП) и опозицијата се подготвуваат за протести. Тоа ќе бидат масовни протести. […]

Потпретседателот на српскиот парламент тешко повреден во сообраќајка


Потпретседателот на српскиот Парламент од редовите на Социјалистичката партија Ѓорѓе Миличевиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која се случила на патот Словац – Уб. Од засега неутврдени причини, автомобилот со кој управувал возачот на Миличевиќ излетал од патот и удрил во ограда. Во несреќата е тешко повреден и возачот. Српските медиуми наведуваат дека Милиќевиќ бил […]

Ципрас: Договорот од Преспа ќе ја дигне економијата


Пред една година започнаа напорите на нашите земји. Четиристраните состаноци станаа институција, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со колегите од Бугарија и Романија Бојко Борисов и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ во резиденцијата „Евксиноград“ крај Варна. – Кога почнаа нашите средби, работите на Балканот и во регионот не беа толку оптимистични.  […]

Сурферот што преживеа 26 часа на отворено море: Во повеќе наврати се простив од животот


Сурферот Горан Јабланов од Словенија, кој беше пронајден жив откако исчезна во големото невреме, кое пред два дена го зафати Јадранот, проговори за речиси 26-часовната борба со брановите на отворено море. Професорот по физичко исчезна во близина на Савудрискиот светилник, во близина на Умаг, и беше пронајден жив во Италија. Поминал дури 40 километри, а […]

Косовски пратеници се степаа по дебатна емисијa


Двајца опозициски пратеници, Фрашер Красниќи од Социјалдемократската патија на Косово (ПСД) и Џељаљ Свечла од Движењето Самоопределување (ВВ), се степале синоќа по завршувањето на дебатната емисија „Рубикон“ на телевизијата КТВ, во која учествуваа како гости, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечла за коха.нет, порталот на КТВ, кратко изјавил дека немало физичка пресметка туку само […]

Бугарија обвини висок функционер за фалсификување документи


Бугарските обвинители денеска соопштија дека поднеле обвинение против висок државен функционер, како дел од истрагата за фалсификување документи, за кои тврдат дека им овозможуваат на странците да добијат бугарски пасоши и слободно да патуваат во Европската Унија. Како што пренесуваат медиумите, Бугарија постигна мал напредок во борбата против корупцијата откако влезе во ЕУ во 2007 […]

Михајловиќ: Србија најдобра во регионот по Македонија


Српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ, по повод падот на Србија од 43-то место на 48-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис 2019“ на Светска банка, изјави дека Србија и покрај намалениот рејтинг се уште е најдобра меѓу земјите од регионот, веднаш по Македонија. Во извештајот „Дуинг бизнис 2019“ Македонија е на 10-то место на листата […]

Црна Гора: Тито се враќа во Титоград


Подгорица, главниот град на Црна Гора, кој во СФР Југославија го носеше името Титоград, ќе добие споменик на некогашниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Одлуката градските власти ја донесоа вчера. Градоначалникот Иван Вуковиќ, кој е и иницијатор на идејата, смета дека подигањето споменик на Тито не е југоносталгија, туку доказ дека Црна Гора останува цврсто […]

Босанка се обидела да побегне од сопствената свадба заедно со подароците во плик


Во гратчето Градачац во Босна и Херцеговина од вчера топ-тема е скандалот на свадбата на 23-годишниот локален жител Един Хусељиќ и Елда Мујчин. Имено, младенците се скарале уште претходната вечер, но кулминацијата се случила утредента на сведбената прослава, пред 300 гости. Поводот за расправијата биле подароците во плик. Според обичајот, додека невестата им делела кафе […]

Каракачанов: Ги браневме правата на Бугарите во Македонија, никогаш не зедовме пари за државјанствата


Претседателот на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов, по објавувањата дека неговата партија земала пари за издавање бугарски документи во емисијата „Ова утро“, емитувана на телевизијата Би-ти-ви, рече дека партијата никогаш не зела пари за издавање документи за бугарско државјанство. „Ние секогаш ја браневме каузата етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство во […]

Словенечки сурфер преживеа 26 часа во море


Словенечкиот сурфер, по кого се трагаше од понеделникот откако исчезна во Јадранско Море кај Умаг е пронајден во Италија. Во текот на ноќта и денот во море тој минал околу 40 километри. Италијанските меидуми јавија дека сурферот, откако 26 часа минал во студената морска вода, на брегот излегол сам, околу 18 часот. Откако испливал на […]

Видео од бруталноста на црногорската полиција го шокираше регионот


Црногорските медиуми објавија видео на кое се гледа како полицајци малтретираат гости во едно кафуле во најјужниот црногорски град Улцињ. Овој видеозапис, кој го објави политичката партија УРА, е снимен минатата година, но сега е првпат објавен и подигна вистинска бура од реакции и ја шокираше црногорската јавност. На снимката јасно се гледа употребата на […]

Се појави видео од ликвидацијата на Гркот во кого пукаа албански специјалци


Албанските медиуми објавија видеоснимка од ликвидацијата на етничкиот Грк, Константинос Коцифас. Како што објави албанската телевизија „Репорт ТВ“, снимката е направена во еден објект и од прозорецот се гледа како Коцифас се шета на улица со „калашников“ во рацете, а потоа се слушаат истрели. Убиството на Кацифас на албанско-грчката граница од страна на припадниците на […]

Вулин: Дали војската на Косово ќе ја нападне Северна Македонија?


Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин изјави денеска дека формирањето војска на Косово е предизвик и закана по безбедноста во регионот. Тој, исто така, оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ со право е загрижен поради случувањата во Косово. – Формирањето војска на Косово покажува намера и каква политика сакате да водите и каква е потребата […]