Автобус со средношколци излета од пат во Албанија


Најмалку 17 ученици се полесно повредени попладнево во Албанија кога автобус, што превезувал средношколци, излета од патот во близина на преминот Ќафасан,на албанско-македонската граница. Несреќата се случила нешто по 17 часот, кога автобусот во кој имало 50 ученици, излетал од патот и удрил во заштитната ограда. На повредените ученици им е укажана медицинска помош во […]

Курти: Тачи ќе заврши како Груевски, ама не во Унгарија туку во Русија


Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти изјави денеска дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе заврши исто како и поранешниот македонски премиер Никола Груевски, со тоа што Тачи нема да побара азил во Унгарија туку во Русија. Алудирајќи на средбата на Тачи со рускиот претседател Владимир Путин во Париз, на церемонијата по повод 100-годишнаната од крајот […]

Мета до полноќ треба да одлучи дали Сандер Леши ќе биде нов министер за внатрешни работи


На полноќ изминува рокот до кога албанскиот претседател Илир Мета треба да го стави својот потпис на уредбата со која се согласува нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши. Засега нема информации дали Мета ќе ја потпише уредбата и ќе се надмине „каменот на сопнување“ меѓу него и премиерот Еди Рама или по […]

(ВИДЕО) Русинка сними песна за Колинда: „Ќе се мазиме на дождот“


По прославата на Светското фудбалско првенство во Русија, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изгледа доби голема популарност во Русија. Очигледно, хрватската претседателка оставила голем впечаток на руската музичарка Алина Захарова, па решила да ја опее во песна. – Нежно ќе се мазиме на дождот – пее Алина, а јасно е зошто за овие стихови се користени […]

Во Драч уловена ајкула од 400 килограми


Во мрежите на албанските рибари од пристанишниот град Драч уловена е ајкула тешка 400 килограми. Пленот е уловен на длабочина од 100 метри, долг е три метри и 85 сантиметри и претставува досега најголем ваков улов на албанските рибари, во чии мрежи ајкулата не е реткост. -И досега во нашите мрежи сме имале ајкули но […]

Могерини очекува Приштина да ги укине дополнителните царини за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека очекува властите во Приштина да ги укинат воведените дополнителни царини од 10 отсто за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина. На заедничката прес-конференција со албаснкиот министер за надворешни работи Дитмар Бушати во Брисел, одржана по завршувањето на соостанокот […]

Ципрас предлага претседателот на Грција да се избира на непосредни избори


Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи измена на Уставот на земјата, со цел народот да може да го избира претседателот на државата. Ципрас денеска во Парламентот ги претстави предлозите на Сириза за имени во Уставот. Според премиерот, „перспективата за непосредно избирање на претседателот на републиката од страна на народот ќе му даде специјална власт”, но тоа […]

(ВИДЕО) „Гардијан“: Хрватската полиција брутално ги тепа мигрантите


„Гардијан“ пишува дека хрватската полиција брутално ги тепала барателите на азил кои се обидувале да ја преминат границата на Босна и Херцеговина и Хрватска. „Барателите на азил од Алжир, Сирија и Пакистан беа фатени од хрватската полиција додека се обидуваа да ја преминат границата помеѓу Босна и Хрватска. Тие тврдат дека биле брутално претепани и […]

Пожар во Загреб, опожарени девет возила


Рано изутринава во Загреб, под се уште неразјаснети околности, дојде до пожар во автомобил. Огнената стихија набрзо се проширила на вкупно девет возила, од кои три се целосно уништени. Пожарникарите, со две возила, го изгаснале огнот за само седум минути, но голема материјална штета веќе е направена. Во инцидентот никој не е повреден. Точната причина […]

Ердоган: Трпеливо чекаме објаснување од саудискиот принц


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека трпеливо чека објаснување од саудискиот принц Мохамед Бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Ердоган рече дека снимката од убиството која Турција го сподели со други држави е толку ужасна што еден саудиски разузнавач кој ја преслушал снимката смета дека убиецот бил под дејство на хероин. […]

Мустафа: Можно е да ги прифатиме гласовите на пратениците Срби за уривање на Харадинај


Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, по денешната седница на партиското Претседателство, изјави дека ЛДК не ја исклучува можноста од прифање на гласовите на пратениците на Српската листа (СЛ) за уривање на Владата на Рамуш Харадинај. Мустафа им изјави на новинарите дека Владата која ја водеше ЛДК минатата година беше сменета на […]

Тачи: Од Путин добив поддршка за дијалогот со Србија


Претседателот на Косово Хашим Тачи објави денеска дека се сретнал со неговиот руски колега Владимир Путин, кој му изразил поддршка во напорите за постигнување конечен договор со Србија. Средбата се држала во Париз, каде што Тачи и Путин беа меѓу бројните светски лидери кои присуствуваа на церемонијата за одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата […]

(ФОТО) Трамвај излета од шини во Белград, има мртви и повредени


Во близина на црквата „Свети Марко“ во Белград се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а повеќе се повредени. Како што објави српски „Блиц“, трамвајот удрил во автомобил, излетал од шини и се забил во зграда. Автомобилот по судирот удрил во пешак кој починал на самото место. Според неофицијални информации, […]

(ВИДЕО) Лоша монтажа: Во пренос на говорот на Макрон, РТС го „замрзна“ Вучиќ


Во преносот во живо на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, јавниот сервис на Србија (РТС) уфрли „продолжен кадар“ на претседателот Србија, Александар Вучиќ, кој внимателно слуша што зборува францускиот претседател. Како што пренесуваат медиумите, Вучиќ во кадар веројатно се појавил една или две секунди, а уредниците […]

Илјадници Бугари блокираа патишта поради цени на горива и даноци


Илјадници Бугари денеска блокираа важни сообраќајници и патишта во земјата во знак на протест поради зголемувањето на цените на горивата, данокот на постари автомобили и очекуваното поскапување на премиите за осигурување на автомобилите. Повеќе од 2.000 луѓе со национални знамиња маршираа низ центарот на Софија и извикуваа „мафија“ и „ѓубриња“, незадоволни од зголемувањето на животните […]

Авион на „Рајанер“ наместо во Бања Лука по грешка слетал во Задар?


Патниците на авионот на „Рајанер“, кои полетале од Меминген, Германија, за Бања Лука, биле непријатно изненадени кога слетале во Задар. Според локалните медиуми, службениците на аеродромот во Бања Лука петнаесетина минути не знаеле каде е авионот на „Рајанер“. На еден човек, кој ги чекал своите пријатели, му било речено дека авионот бил пренасочен за Задар […]

Марш за обединување на Прешевската Долина со Косово


Косовското здружение „Чамериа“ организира денеска во Приштина „Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово“, односно за поддршка на намерата на косовскиот претседател Хашим Тачи ова прашање да го постави на маса на преговорите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Маршот е закажан за во 11 часот а ќе се […]

ЕУ: Белград и Приштина остануваат во контакт


Официјален Брисел денеска тврди дека Белград и Приштина остануваат во контакт и покрај острите пораки на српскиот претседател Александар Вучиќ по вчерашната рунда преговори дека дијалогот нема да продолжи се додека Косово не ги повлече „противправните мерки“. – Дискутираа за потребните чекори и одлучија да останат во постојан контакт за да го проценат исходот од […]

Дијалогот Белград-Приштина без напредок, Вучиќ бара „повлекување на противправните одлуки“


 Новата рунда преговори помеѓу Белград и Приштина за нормализација на односите на двете земји не донесе напредок. Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека не може да се продолжи додека Косово не ги повлече воведените царини врз увозот на српски производи на Косово и другите „противправни одлуки“. Иако Европската Унија ги повикуваше двете страни да овозможат […]

Албанските лекари заминуваат, ги заменуваат странци, меѓу нив и од Македонија


Од 240 лекари кои дипломирале годинава, повеќе од 100 сакаат да ја напуштат земјата, тврди претседателот на Здружението на албански лекари,Фатмир Брахимај. -Побараа потврди за нивно добро однесување, што е еден од документите што го бараат кога заминуваат во странство да се вработат или да специјализираат. Не знам како може да најдеме златен клуч да […]