(ФОТО) Трамвај излета од шини во Белград, има мртви и повредени


Во близина на црквата „Свети Марко“ во Белград се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а повеќе се повредени.

Како што објави српски „Блиц“, трамвајот удрил во автомобил, излетал од шини и се забил во зграда.

Автомобилот по судирот удрил во пешак кој починал на самото место.

Според неофицијални информации, шест лица се повредени, пожарникари, сообраќајна полиција и тимови на Брза помош се на местото на настанот за да им укажат помош на повредените.