(ВИДЕО) „Гардијан“: Хрватската полиција брутално ги тепа мигрантите


„Гардијан“ пишува дека хрватската полиција брутално ги тепала барателите на азил кои се обидувале да ја преминат границата на Босна и Херцеговина и Хрватска.

„Барателите на азил од Алжир, Сирија и Пакистан беа фатени од хрватската полиција додека се обидуваа да ја преминат границата помеѓу Босна и Хрватска. Тие тврдат дека биле брутално претепани и испратени назад.

На снимката се слушаат гласови на мигранти кои тврдат дека хрватските полицајци му ги кршат коските на еден маж, а потоа и маж чие лице е облеано со крв.

Ова видео покажува моменти по нападот“, се вели во описот на снимката објавена од „Гардијан“.