(ВИДЕО) Лоша монтажа: Во пренос на говорот на Макрон, РТС го „замрзна“ Вучиќ


Во преносот во живо на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, јавниот сервис на Србија (РТС) уфрли „продолжен кадар“ на претседателот Србија, Александар Вучиќ, кој внимателно слуша што зборува францускиот претседател.

Како што пренесуваат медиумите, Вучиќ во кадар веројатно се појавил една или две секунди, а уредниците на РТС го зеле тој кадар и го замрзнале, за да изгледа дека камерите цело време се фокусирани на српскиот претседател за време на говорот на Макрон.

Очигледно е дека се работи за лоша монтажа бидејќи Вучиќ и другите лидери околу него воопшто не мрдаат.