Косовските функционери со повисоки дневници за Албанија, одошто за Канада


Многу пратеници во косовското Собрание, покрај прилично високите плати, доста добро заработуваат и од дневниците за службени патувања, и тоа повеќе кога одат во Албанија или Црна Гора одошто на далечните континенти, објави денеска косовската опозициска Социјалдемократска партија (ПСД), најавувајќи интерпелација за оваа појава. Пратеникот на ПСД Дардан Молиќај објави дека „дневниците на официјални претставници …

Косовските функционери со повисоки дневници за Албанија, одошто за Канада Read More »

Косово акредитира амбасадор во Гвинеа Бисао


Косово акредитира амбасадор во Гвинеја Бисао во рамки на неговата кампања низ африканскиот континент. Рамадан Гаши е дипломатот кој денеска ги предаде на претседателот на Гвинеја Бисао, Хозе Мариа Ваз акредитивните писма како вонреден и ополномошен амбасадор на Косово во оваа земја, соопшти косовското Министерство за надворешни работи, поткрепувајќи ја информацијата со фотографии од церемонијата …

Косово акредитира амбасадор во Гвинеа Бисао Read More »

Брнабиќ: Признавањето на Косово не би бил компромис


Србија никогаш нема да ја признае косовската независност, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ и истакна дека тоа не би бил компромис за кој се залага Белград, а кој не би бил можен кога Србија и понатаму би инсистирала на тоа дека Косово е нејзин составен дел. Во интервју за Велт, таа додава дека „односите со …

Брнабиќ: Признавањето на Косово не би бил компромис Read More »

Во Приштина не е киднапирана новинарка од Албанија, туку друго лице, објави полицијата


Косовската полиција попладнево ги демантира наводите дека во Приштина е киднапирана новинарка на Албанската радио-телевизија. Според нив, првичните информации, објавени во медиумите, биле резултат на забуна од страна на самата полиција. Портпаролката на Косовската полиција за приштинскиот регион, Фљора Ахмети, во изјава за медиумите рече дека погрешната информација се појавила поради тоа што автомобилот на …

Во Приштина не е киднапирана новинарка од Албанија, туку друго лице, објави полицијата Read More »

Тројца уапсени албански државјани побегале од полициска станица во Атина


Откако го отстраниле заштитното железо од прозорец и направиле мала дупка, тројца албански државјани, уапсени за низа кражби, во шест часот и 30 минути, утрово побегнаа од полициска станица во Атина. Останува енигма, како тројцата Албанци, успеале да ја отстранат заштитната ограда на прозорецот од објектот на полициската станица, додека пак побегнале откако преку цевка …

Тројца уапсени албански државјани побегале од полициска станица во Атина Read More »

За пет години 157.000 албански државјани побарале азил во ЕУ


Во период од 2013 до 2017 година околу 157.000 државјани на Албанија побарале азил во некоја од земјите членки на Европската унија. Најголем број баратели на азил од Албанија се евидентирани во 2015 година и тоа 69.000, за веќе следната година тој број да се намали на 33.000. – Со 26.060 барања за азил во …

За пет години 157.000 албански државјани побарале азил во ЕУ Read More »

Грција примила најмногу мигранти меѓу членките на ЕУ


Во првите пет месеци од оваа година во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ, јави ДПА. Според податоците на Европската агенција за контрола на гранциите – Фронтекст, ваквата бројка на пристигнати мигранти во Грција претствува пораст за 90 отсто во споредба со истиот …

Грција примила најмногу мигранти меѓу членките на ЕУ Read More »

Ефектот „Македонија“ ќе ги подобри грчките надежи за олеснување на долгот


Постигнатиот договор за името меѓу Македонија и Грција би можел да му помогне на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, да добие подобри услови за олеснувањето на грчкиот долг,  пишуваат британски медиуми. Состанокот на Еврогрупата е закажан за 21 јуни во Брисел, кога Грција се надева почне да излегува од програмите за спасување, во кои е заглавена …

Ефектот „Македонија“ ќе ги подобри грчките надежи за олеснување на долгот Read More »

Грција и Албанија пред потпишување договор за морската граница


Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати,изјави дека деновиве ќе се сретне со  неговиот грчки колега Никос Коѕијас,околу финализирањето на договорот за морската граница. – Оваа недела ќе имаме уште една средба со мојот колега Коѕијас,  како продолжение на разговорите со цел да постигнеме договор во врска со морската граница и верувам дека паралелно со нашата …

Грција и Албанија пред потпишување договор за морската граница Read More »

Чолаку: Дијалогот со Белград ќе продолжи, ама не знаеме кога


Шефот на кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи, Беким Чолаку, најави дека финалната фаза на дијалогот меѓу Косово и Србија секако ќе се одржи, но не се знае датумот кога тоа ќе се случи. Чолаку во денешното интервју за телевизијата КТВ говореше за процесот на преговорите меѓу Приштина и Белград, кои во моментов се блокирани, …

Чолаку: Дијалогот со Белград ќе продолжи, ама не знаеме кога Read More »

Заболени од рак во Србија ќе тужат земји на НАТО


Првите тужби на српските граѓани заболени од карцином против земјите на НАТО поради бомбардирања со осиромашен ураниум треба да се очекуваат на крајот на септември и во октомври. Тоа  го најави денеска претседателот на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“ Свето Него. Тужбите ќе бидат поединечни, објасни тој. На симпозиум за последиците од бомбардирањето на СР …

Заболени од рак во Србија ќе тужат земји на НАТО Read More »

Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите


Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот …

Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите Read More »

Рама: Не разбирам зошто препораката на ЕК за Албанија не е задолжителна за членките на ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека неговата земја направила се што се бара од неа за започнување преговори за членство во ЕУ и не може да сфати зошто препораката на Еврпската комисија не е задолжителна за земјите-членки на Унијата. – Ако одложувањето на преговорите со Албанија можеше да и помогне на ЕУ против растечката моќ …

Рама: Не разбирам зошто препораката на ЕК за Албанија не е задолжителна за членките на ЕУ Read More »

Рускиот таксист заспал зад волан и случајно притиснал на гас


Таксистот, кој вчера удри во група луѓе на тротоар во центарот на Москва, не бил под дејство на алкохол, туку заспал зад волан, соопштија претставници на службата за вонредни ситуации. Во инцидентот беа повредени седум лица, но никој потешко. Руските медиуми јавија дека таксистот е од Киргистан, престојува легално во Русија и ги има сите …

Рускиот таксист заспал зад волан и случајно притиснал на гас Read More »

Во Албанија уапсен убиецот на милионерката Лашманова во Котор


Албанската полиција,во Тирана, го уапси Арсение Становиќ, по кого црногорската полиција имаше распишано потерница,под сомнение дека ја убил украинската милионерка Анастасија Лашманова. Во моментот на апсењето, дваесет и две годишниот Становиќ бил заедно со неговиот татко,Зоран Становиќ, шеф на експозитурата на Граничната полиција на аеродромот во Тиват. Албанските власти, кои биле во постојан контакт со …

Во Албанија уапсен убиецот на милионерката Лашманова во Котор Read More »

Инциденти, повредени и солзавец на протестите во грчка Преспа


Неколку лица се повредени, во инцидентите што речиси четири часа траеле во селото Писодери во близина на Псарадес за време на протестот за „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“, јавуваат грчките медиуми. Инцидентите, според истите информации се случиле во шумскиот дел, кога полицијата ги спречила демонстрантите да се упатат кон местото каде што премиерите Зоран …

Инциденти, повредени и солзавец на протестите во грчка Преспа Read More »

Каменос од Независни Грци гласаше за недоверба на Ципрас


Атина – Пратеникот од Независни Грци Димитрис Каменос, спротивно на ставот на партијата, ја поддржа иницијативата на Нова демократија и гласаше за недоверба на владата на Алексис Ципрас. Потегот на Каменос беше дочекан со аплаузи од Нова демократија, но и беше избришан од Независни Грци.

Новинарот Цветковиќ тврдел дека бил киднапиран и контактирал со лица од Македонија


Белград -Весникот „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои разузнавачки извори, пишува дека „исчезнатиот па пронајден“ новинар Стефан Цветковиќ во полиција тврдел дек бил киднапиран од непознати лица, кои му се заканувале дека ќе го префрлат во Романија. Како што наведува весникот, на истражните органи им се сомнителни неговиот исказ и пронајдените докази, поради што новинарот …

Новинарот Цветковиќ тврдел дека бил киднапиран и контактирал со лица од Македонија Read More »

Мигрант од Мароко убиен во Хрватска


Дваесет и четиригодишен Мароканец настрадал во Велика Кладуша, Хрватска, откако бил избоден со нож. Убиството се случило сношти, околу 23 часот по локално време, во потесното градско подрачје. -Меѓу мигрантите кои биле сместени во куќа во градот дошло до вербални препирки и меѓусебно поттурнување, по што препирката ја продолжиле на улица. Еден од мигрантите бил …

Мигрант од Мароко убиен во Хрватска Read More »

Пратеник од СИРИЗА се обрати на македонски во грчкиот Парламент


На македонски јазик, односно на костурски дијалект се обрати денеска во грчкиот Парламент пратеникот од СИРИЗА, Јоргос Урзидис, кој му даде поддршка на договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името. Урзидис, кој има потекло од северна Грција од говорницата откако пораката ја кажа на македонски јазик, односно на костурски дијалект, потоа ја …

Пратеник од СИРИЗА се обрати на македонски во грчкиот Парламент Read More »