Мигрант од Мароко убиен во Хрватска


Дваесет и четиригодишен Мароканец настрадал во Велика Кладуша, Хрватска, откако бил избоден со нож. Убиството се случило сношти, околу 23 часот по локално време, во потесното градско подрачје.

-Меѓу мигрантите кои биле сместени во куќа во градот дошло до вербални препирки и меѓусебно поттурнување, по што препирката ја продолжиле на улица. Еден од мигрантите бил избоден во градите. Здравствениот дом на Велика Кладуша ја потврдил смртта – соопшти Хрватското министерство за внатрешни работи.

Според документите пронајдени кај настраданиот, станув збор за Мароканецот А.Л. роден 1994 година. Полицијата има индиции за потенцијалниот убиц, но истрагата сѐ уште е во тек, пишуваат хрватските медиуми.