(Фото) Експлозија на бомба пред ателјето на сопругата на Мицотакис


Мала рачно изработена бомба експлодира рано изутринава пред влезот на зградата во која се наоѓа модното ателје на сопругата на лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, Марева Грабофски Мицотакис, во центарот на Атина. Експлозијата предизвикала мала материјална штета на мермерот и на влезната врата на објектот. Малиот рачно изработен експлозивен механизам со плински …

(Фото) Експлозија на бомба пред ателјето на сопругата на Мицотакис Read More »

Ставрос Теодоракис: Прифаќаме име Горна Македонија, без превод


Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, под слоганот „Времињата бараат храброст и одговорност“, Теодоракис, пред членовите на највисокиот орган на движењето, говореше за последните случувања во Грција, меѓу …

Ставрос Теодоракис: Прифаќаме име Горна Македонија, без превод Read More »

Пронајдена црната кутија на рускиот авион што се урна вчера


Спасувачките екипи ја пронајдоа црната кутија на авионот Ан-148, кој вчера се урна во подрачје југоисточно од Москва, информира шефот на регионалниот директорат на руското Министерство за вонредни ситуации Сергеј Полетјкин. – Црната кутија со параметрите на летот е пронајдена во 18-от сектор од операцијата за пребарување. Меѓудржавниот воздухополовен комитет (ИАК) работи на потврдување и …

Пронајдена црната кутија на рускиот авион што се урна вчера Read More »

Вучиќ во посета на Хрватска


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Република Хрватска, на покана на неговата колешка Колинда Грабар Китаровиќ. Главни теми на средбите меѓу двете делегации ќе биде проблемот со исчезнатите, правосудната соработка, границите и враќањето на имотот. Двајцата претседатели ќе разговараат за судбината на 1.900 исчезнати лица и за …

Вучиќ во посета на Хрватска Read More »

Прванов: Решението на спорот за името не треба да биде на сметка на Бугарија


Решението на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да биде на сметка на Бугарија, изјави во утринската емисија на БТВ поранешниот бугарски претседател Георги Прванов. Деблокирањето на дијалогот меѓу Грција и Македонија за спорот за името го оцени како мошне поволен, но изрази загриженост поради некои од можните решенија кои се споменуваат. …

Прванов: Решението на спорот за името не треба да биде на сметка на Бугарија Read More »

Уште еден Косовец убиен во Сирија


Уште еден косовски државјанин, кој се борел на страната на терористичката група Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија. К.А. од селото Пестово кај Витина, е последната жртва од Косово во војната во Сирија. Тој живеел во Германија од каде и им се приклучил на џихадистите на ИД во Сирија, пишува електронското издание на приштнискиот …

Уште еден Косовец убиен во Сирија Read More »

Шилегов од Атина – на предизборна конвенција во Белград


Белград – Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва во Белград со подршка на Драган Шутановац и опозициската коалиција на Демократската странка (ДС) „Да го ослободиме Белград“. На првата Конвенција на демократите за изборите за градот Белград во Халата на спортовите „Ранко Жеравица“, Петре Шилегов зборувал како претставник на СДСМ, а во знак на поддршка на кандидатот …

Шилегов од Атина – на предизборна конвенција во Белград Read More »

Полицајци осомничени за манипулирање со докази за убиството на Ивановиќ


Двајца косовски полицајци се уапсени во северниот дел на Косовска Митровица, под сомнение дека манипулирале со докази поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ. Станува збор за Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ и двајцата на возраст од 48 години. Двајцата полициски службеници претходно биле дел од Министерството за внатрешни работи а биле вклучени во косовската полиција,врз …

Полицајци осомничени за манипулирање со докази за убиството на Ивановиќ Read More »

Александар Вучиќ од утре во официјална посета на Загреб


Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ја почнува дводневната официјална посета на Загреб, на покана на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ. По повеќегодишни одлагања, влошени меѓусебни односи со безбројни протестни ноти меѓу Белград и Загреб ден пред посетата во Белград создадена е тензична атмосфера. Нејасна е и агендата на посетата и темите за кои српскиот претседател …

Александар Вучиќ од утре во официјална посета на Загреб Read More »

Западен Балкан чека поевтин роаминг со ЕУ


Се уште нема конкретни рокови и активности од надлежните институции за ветеното намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги, по потпишаниот меморандум меѓу Македонија и Бугарија. Новини се очекуваат на претстојниот дигитален самит, чиј домаќин ќе биде Македонија во април, и на Самитот за Западен Балкан, што треба да се одржи во мај …

Западен Балкан чека поевтин роаминг со ЕУ Read More »

Ѕанакопулос: Димитров и Коѕијас ќе разговараат за сите отворени прашања


За сите отворени прашања во рамките на преговорите ќе разговараат Димитров и Коѕијас, изјави портпаролот на грчката Влада во однос на тоа што ќе се најде на масата разговори на двајцата министри за надворешни работи на нивната следна средба, јавува дописникот на МИА од Атина. Одговарајќи на новинарско прашање, на вчерашниот брифинг, во врска со …

Ѕанакопулос: Димитров и Коѕијас ќе разговараат за сите отворени прашања Read More »

Коѕијас-Силурис разговарале за името: „Сакаме Грција да има помалку проблеми”


Спорот со името заедно со кипарското прашање биле главните теми за кои разговарале шефот на грчката дипломатија и претседателот на кипарскиот Парламент, на нивната средба во грчкото МНР. Ова, како што јавува дописникот на МИА од Атина, го откри Димитрис Силурис на неговиот твитер профил. – Средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос …

Коѕијас-Силурис разговарале за името: „Сакаме Грција да има помалку проблеми” Read More »

Серија преговори меѓу Македонија и Грција


Делегации од  министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција одржаа средба  во рамките на преговорите за градење мерки на доверба меѓу двте земји. “Атмосферата беше конструктивна” , изјавија од МНР по средбата. Притоа, договорена е соработка  во разни области, вклучително и во земјоделството, образованието, здравството, заштитата на населението и други.Следниот круг преговори ќе се …

Серија преговори меѓу Македонија и Грција Read More »

Европската перспектива на Балканот: мит или реалност?


Пред 15 години во Солун европските лидери свечано изјавија дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ. ЕУ чекаше повеќе од една деценија и по три крвави војни, по падот на комунистичкиот режим и федерална Југославија, за да заклучи дека мирот, стабилноста и демократијата во овој турбулентен регион не може да се издвои од членството …

Европската перспектива на Балканот: мит или реалност? Read More »

Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, не мислам дека е точна таа проценка


Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на ТВ 24 коментирајќи ја изјавата на Артан Груби дека е постигнат договор за името, вели дека далеку е од такво нешто. „Груби изгледа е голем оптимист. Не мислам дека е точна таа проценка. Во спорови кои траат толку долго, нијанси одлучуваат. И се додека немате договор, сте далеку …

Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, не мислам дека е точна таа проценка Read More »

Седуммесечно бебе почина од морбили во Тирана


На Клиниката за детски болести во Тирана од морбили почина седуммесечно бебе, јави дописникот на МИА. Бебето неколку дена било во Одделот за реанимација, но поради компликаци и појава на бронхопневмонија, докторите не можеле да му го спасат животот. Бројот на заболени од мали сипаници во Албанија се искачи на 80, главно деца кои не …

Седуммесечно бебе почина од морбили во Тирана Read More »

Харадинај: Косово треба да прости, но не и да го заборави минатото


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека единствениот договор со Србија, кој ќе донесе мир меѓу народот во Косово, ќе биде взаемното признавање. Харадинај во интервју за „Гласот на Америка“ истакнува дека тоа би значело дека Косово ќе го прости, но нема да го заборави минатото. По повод новата стратегија на Европската унија за Западен Балкан, …

Харадинај: Косово треба да прости, но не и да го заборави минатото Read More »

Српските банки не се откажуваат од надоместот за обработка на кредити


Српските банки тврдат дека немаат намера да се откажат од наплатувањето на трошоци за обработка на кредити и покрај двете правосилни судски пресуди во кои е заклучено дека тие немаат право да го наплатуваат овој надомест. Според претседателот на Здржението на банките на Србија, Верољуб Дугалиќ, банките немаат причина да се откажат од наплатата на …

Српските банки не се откажуваат од надоместот за обработка на кредити Read More »

Под знамето на Исламска држава: Деца на воена обука во камп во БиХ (Видео)


Снимката што се појави на Јутјуб под назив „Аскери Зимски камп 2018“, на која се гледа како деца од различни возрасти учат за исламот, но и прават различни вежби предизвика големи реакции во Босна и Херцеговина, но и во регионот. – Сериозно пристапивме, проверуваме, дадов наредба што е можно побрзо да ни се достават сите …

Под знамето на Исламска држава: Деца на воена обука во камп во БиХ (Видео) Read More »

Кумуцакос: Менуваат табли на улици, но не и позиции


Менуваат табли на улици, но не и позиции, вели одговорниот за надворешни работи во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, коментирајќи ги изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев. Кумуцакос бара од грчката влада да каже јавно кои се црвените линии во разговорите. – Премиерот и министерот за надворешни работи на Скопје, јасно ги одредија нивните црвени …

Кумуцакос: Менуваат табли на улици, но не и позиции Read More »