Во Србија за половина година потрошени околу четири милијарди евра за инфраструктура


– Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија во првите шест месеци од годинава искористи речиси половина од вкупно планираните буџетски средства за инфраструктурни проекти во 2018 година.

До јуни се потрошени 35,45 милијарди динари, (околу 4,2 милијарди евра), од вкупно планираните 74,2 милијарди динари (8,7 милијарди евра) или 47,7 отсто од расположливите пари за инфраструктурни проекти финансирани од Министерството за градежништво.

– Од почетокот на годината, вклучувајќи ја и сегашната градежна сезона, реализацијата на буџетските средства е за 31 отсто повисока отколку во истиот период минатата година, се наведува во соопштение од Министерството.

Во истиот период од 2017 година, пред се поради крајно неповолните временски услови на почетокот на годината, искористеноста на буџетот изнесуваше 27,02 милијарди динари (3,2 милијарди евра) од планираните вкупно 61,69 милијарди динари (7,2 милијарди евра) за 2017 година.

До крајот на 2018 година може да се очекува да се зголеми вкупната вредност на расположливите буџетски средства за инфраструктура со почетокот на реализацијата на проектот за изградба на станови за припадници на безбедносните сили во втората половина на годината, согласно Законот за посебни услови за реализација на проектот за станбена изградба за припадници на безбедносните сили.

Во првата половина од 2018 година, Министерството издаде 62 градежни дозволи за нови инфраструктурни проекти.