(ВИДЕО) Скандал во хрватскиот парламент: Пратеник исфрлен од седница од обезбедувањето


Пратеникот Иван Пернар во хрватскиот парламент синоќа мораше да го изнесе собраниското обезбедување поради непочитување на барањето на претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ да ја напушти седницата, објави ХИНА.

Откако доби две предупредувања поради довикување од место и се оглуши на барањето на спикерот на Саборот да ја напушти седницата, Пернар остана на своето место и побара спикерот да го повлече своето предупредување.

По петминутната пауза, мораше да интервенира собраниското обезбедување и Пернар беше физички изнесен од седницата.