Дачиќ: Забраната за влез во српските официјални лица во Косово е шлаканица и на ЕУ


Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека одлуката на Приштина за забрана на влез на сите српски официјални претставници на територијата на Косово е без преседан и уште една шлаканица и на Европската унија и на меѓународната заедница. -Ова што го направија властите во Приштина е потег без преседан и уште една шлаканица, […]

Харадинај и натаму инсистира: Таксите ќе бидат повлечени кога Србија ќе го признае Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека нема враќање назад во односите со Белград, дека нема укинување на таксите, поделби или спојувања, туку само, како што кажа, меѓусебно признавање, што ќе донесе слобода за народот и слободна тровија. Во опширно интервју за косовскиот портал „Кос сев“, Харадинај кажа дека тие го бранат националниот интерес и […]

Михајловиќ: Во проектот на брзата пруга Белград-Будимпешта сакаме да ги вклучиме и Северна Македонија и Грција


Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ најави дека на утрешниот трилатерален состанок на Србија, Унгарија и Кина ќе се разговара за изградбата на брзата пруга Белград – Будимпешта и дека при тоа ќе се разгледа можноста за вклучување и на Северна Македонија и Грција во овој проект. – Ќе разговараме со Северна […]

Шојбле го пофали Ципрас за Договорот од Преспа


Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле, за германскиот весник „Ди Цајт“ упатува пофални зборови за грчкиот премиер Алексис Ципрас, и вели дека покажал лидерство со Договорот од Преспа и ги деблокирал односите со Северна Македонија, објавија грчките медиуми. -Алексис Ципрас „постигна важно достигнување на политичката лидерска способност, бидејќи ги деблокираше односите со Северна Македонија“, вели […]

Ердоган подготвен да посредува помеѓу САД и Иран


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е подготвен да посредува помеѓу Вашингтон и Техеран со цел да се намалат тензиите за иранската нуклеарна програма. Тој посочи дека во својата евентуална улога на посредник разговарал со јапонскиот премиер Шинѕо Абе за време на Самитот на Г-20 во Осака. Ердоган наведе дека Абе го прашал […]

Косово забранува влез за официјални лица од Србија


Косовското Министерство за надворешни работи донесе одлука да не им даде дозвола на официјални претставници од Белград да влезат на територијата на Косово, објави РТК. Како што нагласи заменик министерот за надворешни работи Јетљир Зиберај таквата одлука е донесена „по нападот и заканите на српската политика кон Косово“. – Поради хибридните закани кои Србија ги […]

Самарас ќе биде член на новата Европска комисија?


Доколку се остварат прогнозите во анкетите и на изборите в недела во Грција победи Нова демократија постојат големи шанси поранешниот грчки премиер Андонис Самарас да биде член на новата Европска комисија, дознава „Еурактив“. Откако Урсула фон дер Лејен беше номинирана за претседател на Европската комисија земјите-членки го започнаа лобирањето за комесарските места. Грчките медиуми пишуваат […]

Акропол затворен неколку часа поради горештините


Археолошкиот локалитет Акропол, денеска и утре, ќе биде затворен од 13 до 17 часот, поради најавените високи температури, соопшти надлежната служба од Министерството за култура на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.   Според грчката национална метеоролошка служба денес и утре температурата ќе достигне до 40 степени во одредени делови на земјата, а во […]

Вооружен маж упаднал во Српската патријаршија, барал 200.000 евра за одбрана на Косово и Црна Гора


Црногорскиот државјанин Бранко Л.(42) денеска на пладне упаднал во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, во канцеларија на првиот кат, извадил пиштол и побарал од благајникот и сметководителот, кои биле во просторијата, 200.000 евра, како што објави ТВ Пинк “за одбрана на Косово и Црна Гора”. Еден од заложниците успеал […]

Ципрас го отстрани ембаргото за ТВ Скај и даде двочасовно интервју


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, како што имаше најавено, синоќа, го отстрани речиси едногодишното ембарго за телевизијата Скај и даде двочасовно интервју во кое на неколку пати се вжешти дискусијата меѓу новинарите и претседателот на владата на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Алексис Ципрас говореше за темите актуелни во внатрешноста на Грција, а гледаноста […]

И Грција ја регулира употребата на електрични тротинети


Низа мерки за ракување и употреба на електричните тротинети предлага Министерството на транспорт на Грција до новоформираната надлежна комисија, за да се воведат основни правила поврзани со безбедноста, јави дописничката на МИА од Атина. Во групата „Лесни лични електрични возила“ вклучени се оние превозни средства кои се напојуваат со електричен мотор и не се дел […]

Во Хрватска преку 17 илјади странци ангажирани во туризмот, се бараат уште


Хрватска – Само една недела откако хрватската Влада ја зголеми својата квота за странските работници во туризмот и угостителството за две илјади, барањата на работодавачите за странски работници беа поголеми од останатите места. Дополнителните квоти го зголемија вкупниот број квоти за странските работници во угостителството до 17.611, а една недела по тоа зголемување, според Министерството за внатрешни […]

Албанија и Косово со заеднички дипломатски претставништва


Албанија- На меѓународната сцена Албанија и Косово ќе имаат заеднички дипломатски претставништа. Според спогодбата потпишана во Тирана од шефовите на дипломатиите Генц Цакај и Беџет Пацоли, се предвидува отпочнување активности за отворање заеднички амбасади и конзуларни претставништва. Во спогодбата зацртана е и заедничката стратегија во областа на надворешната политика. Спогодбата, рече албанскиот министер Цакај, се […]

Харадинај до Вучиќ: Ќе одговараш за обидите за дестабилизација на Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача денеска на претседателот на Србија Александар Вучиќ да се откаже од неговото „измамничко сценарио за дестабилизација на Косово“, бидејќи за тоа, како што вели, ќе сноси одговорност. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Харадинај преку својот Твитер, исто така порача дека неговата Влада „ќе ги поддржи и […]

Грција утре ќе биде без бродови


Грчката поморска федерација од денеска на полноќ започнува 24-часовен генерален штрајк, со што бродовите ќе останат закотвени на пристаништата низ цела Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Федерацијата бараат потпишување на колективни договори со екипажот на бродовите за 2019 и покачување на платите.

На претстојните избори во Грција ќе учествуваат 20 партии


Вкупно 20 партии в недела, на предвремените парламентарни избори во Грција, ќе се борат за гласови од граѓаните. Врховниот суд на Грција, ги отфрли барањата за учество на пет партии, бидејќи не ги доставиле потребните документи. Освен пријавените партии или коалиции, на избори ќе учествуваат и шест самостојни кандидати за пратеници. За една партија да […]

Започна изградбата на пругата Приштина – Генерал Јанковиќ, Харадинај бара линија за Драч


Косово– Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска во Косово Поле присуствуваше на почетокот на изградбата на железничката линија до Генерал Јанковиќ, на границата со Северна Македонија, при што нагласи дека таа е исклучително значајна за Косово затоа што го поврзува со соседите. Според Харадинај, Косово има извонредна патна, но заостанува во поглед на железничката инфраструктура, поради […]

Издаден налог за апсење на уште 122 воени лица поради неуспешниот обид за пуч во Турција


Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 122 припадници на армијата под сомнение дека се поврзани со мрежата на имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а Анкара го обвинува за организатор на неуспешниот воениот удар во 2016 година. Обвинителството соопшти дека полицијата презела една операција во Истанбул, каде трага по 40 осомничени, меѓу […]

Санадер упатен на отслужување на шестгодишната затворска казна


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер вчера беше упатен во Центарот за дијагностика на затворот Реметинец, кој ќе одлучи каде ќе ја отслужува правосилната шестгодишна казна затвор за аферата Планинска поради која, покрај затворот, се очекува да исплати незаконски стекнати 2,3 милиони евра. -Санадер е испратен во Центарот за дијагностика, каде што во следните месец дена […]

Албанија: Локалната власт целосно во рацете на социјалистите


По целосно пребројаните гласови од неделните локални избори, во 57 од вкупно 61 општина, од неделните локални избори,истите во наредните четри години ќе ги предводат градоначалници од редовите на владејачката социјалистичка партија (ПС). Меѓу нив е општина Пустец населена со Македонци, каде за градоначалник е избран Пали Колефски. Единствена општина каде новиот градоначалник не е […]