На претстојните избори во Грција ќе учествуваат 20 партии


Вкупно 20 партии в недела, на предвремените парламентарни избори во Грција, ќе се борат за гласови од граѓаните. Врховниот суд на Грција, ги отфрли барањата за учество на пет партии, бидејќи не ги доставиле потребните документи.

Освен пријавените партии или коалиции, на избори ќе учествуваат и шест самостојни кандидати за пратеници.

За една партија да обезбеди место во Парламентот потребно е да освои најмалку три отсто од гласовите, јави дописничката на МИА од Атина.

На минатите парламентарни избори во септември 2015 година учество зедоа 19 партии, а осум од нив обезбедија место во Парламентот.

За разлика од тогаш, Река и Независни Грци кои имаа свои пратеници, сега двете партии решија воопшто и да не учествуваат на изборите.