Грција утре ќе биде без бродови


Грчката поморска федерација од денеска на полноќ започнува 24-часовен генерален штрајк, со што бродовите ќе останат закотвени на пристаништата низ цела Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата бараат потпишување на колективни договори со екипажот на бродовите за 2019 и покачување на платите.