Самарас ќе биде член на новата Европска комисија?


Obama US Greece

Доколку се остварат прогнозите во анкетите и на изборите в недела во Грција победи Нова демократија постојат големи шанси поранешниот грчки премиер Андонис Самарас да биде член на новата Европска комисија, дознава „Еурактив“. Откако Урсула фон дер Лејен беше номинирана за претседател на Европската комисија земјите-членки го започнаа лобирањето за комесарските места.

Грчките медиуми пишуваат дека германската канцеларка Ангела Меркел го уверила Алексис Ципрас дека Грција ќе го зачува портфолиото за миграција, кое моментно го држи конзервативниот комесар Димитрис Аврамопулос. Но извори од Грција велат дека доколку Нова демократија победи на изборите тогаш Самарас ќе биде „силен кандидат за место поврзано со енергијата“. (П.Р.)