Албанија: Локалната власт целосно во рацете на социјалистите


Ерион Велиај - градоначалник на Тирана

По целосно пребројаните гласови од неделните локални избори, во 57 од вкупно 61 општина, од неделните локални избори,истите во наредните четри години ќе ги предводат градоначалници од редовите на владејачката социјалистичка партија (ПС). Меѓу нив е општина Пустец населена со Македонци, каде за градоначалник е избран Пали Колефски.

Единствена општина каде новиот градоначалник не е од оваа партија е општина Финиќ, каде новиот градоначалник е од партијата на грчкото малцинство, МЕГА, Кристо Кичо.

И во останатите три, каде сѐ уште се брои, во голема предност се кандидатите на ПС, меѓу кои и Тирана, каде втор мандат повеќе од сигурно е дека обезбеди Ерион Велиај.

Градоначалници-жени добија седум општини, Пермет, Курбин, Делвина, Патос, Расковец, Либохово и општина Ура Вајгуроре.

На изборите не учествуваше главната албанска опозиција,која повика и на бојкот на истите.

Според Централната изборна комисија од вкупно запишаните 3.464.328 лица со право на глас,своето граѓанско право го оствариле 771.863 лица или 21,6 отсто, што е најниска излезеност на досега спроведени избори во земјата.