Ципрас: Горд сум за Договорот од Преспа, иако имаше влијание и политичка цена


Донесовме тешка политичка одлука, одлука која што не се осмелија да ја донесат моите претходници, спротивно на струјата на популизмот и иако имаше влијание и политичка цена во цела Грција, горд сум за ова, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ во однос на Договорот од Преспа и последиците од него […]

Грабар-Китаровиќ: Да не дозволиме соседните држави да го креираат имиџот на Хрватска


Хрватска мора сама да го креира својот имиџ, бидејќи во спротивно тоа ќе го направат други, што не смее да се дозволи, порача денеска хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ. Таа истакна дека имиџот на државата е многу важно средство во конкурентската борба на меѓународната сцена. Грабар – Китаровиќ, обраќајќи се на конференција во организација […]

Надојдената река го однесе дрвениот мост во Дреновскиот манастир во Бугарија


  Дрвениот мост на Дреновскиот манастир во Бугарија е однесен од поројните дождови што го зафатија овој регион, пренесе Бгнес. Општината ќе побара помош од Меѓуседската комисија за катастрофи и несреќи за враќање на објектот на една од најпосетуваните туристички атракции во Дреново. Од општината објаснуваат дека поројните дождови придонеле нивото на реката да се […]

Црногорците продаваат бродови: „Јадранка“ на Тито за 50.000 евра


  Црногоското Министерство за одбрана го повтори јавниот повик за продажба на пловни објекти откако владата одлучи да ги намали цените. Вредноста на јахтата „Јадранка“ сега е проценета на 50.000 евра, пишува „Побједа“. Понудените пловни објекти, бордски мотори и опремата се поевтини за 20 отсто. Владата на Црна Гора неодамна одлучи да ги намали цените […]

Мицотакис: Нема соработка со СИРИЗА по изборите


Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис изјави дека нема намера да соработува ниту со владејачката левичарска партија СИРИЗА, ниту со ултрадесничарските партии по парламентарните избори закажани за 7 јули, пренесува агенцијата АНА-МПА. Во интервју за телевизијата АНТ1, Мицотакис рече дека не размислува за тоа каде ќе бидат премиерот Александар Ципрас и […]

Во Црна Гора попладне бесплатни лежалки


Црна Гора оваа година донесе ново правило за користење плажи кое ќе израдува многу гости – по 17 часот користењето лежалки и чадори на јавни и други плажи, освен хотелски, ќе биде потполно бесплатно. Ова во Будва го изјави директорот на Јавното претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора, Предраг Јелушиќ и додаде […]

(Видео) Поплава Србија: За една ноќ падна дожд колку за еден месец


Потресни слики стигнуваат од поплавените подрачја во соседна Србија, а метеоролозите најавуваат дека опасноста од премногу дождови не е помината. Според најавите реката Сава ќе биде во пораст и ќе ја надмине границата на редовна одбрана кај Белград и кај Шабац, поради што издадено е хидролошко предупредување. Според него, до среда ќе има зголемување на […]

Мета бара преку дијалог итно решение за севкупната крза во која се наоѓа Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета и словачкиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Мирослав Лајчак на денешната средба покрај дргото разговарале и околу актуелната политичка ситуација во Албанија. -Претседателот Мета ја нагласи потребата од итно решавање,преку дјалог, на длабоката уставна, институционална и политичка криза во која се наоѓа земјата,стои во соопштението од претседателскиот кабинет. […]

ОН: Алармантно загадување во големите градови во Западен Балкан


Луѓето во сите поголеми градови во Западен Балкан се соочуваат со алармантно ниво на загадување на воздухот, кое го намалува очекуваниот животен век, се наведува во извештај на ОН. Во денеска објавениот Извештај на Програмата за заштита на животната средина на ОН, се посочува дека „неразвиениот и политички кревок“ регион во голема мерка се потпира […]

(ВИДЕО) Поплави во Србија, евакуирани пет лица


Пет лица се евакуирани поради поплави во текот на ноќта во околината на Краљево и Чачак, а автобус со 15 лица, кој поради обилни дождови се заглавил на патот Краљево-Крагујевац, успешно е извлечен, соопшти началникот на секторот за вонредни ситуации во српското МВР Предраг Мариќ. Три лица се евакуирани во околината на Краљево, а две […]

Папата им се извини на Ромите поради дискриминацијата


Папата Франциск денеска им се извини на Ромите поради дискриминациите во историјата на кои била подложена оваа заедница во Европа, и им оддаде почит на католиците во Романија, кои биле прогонети за време на владеењето на комунистите. – Историјата не учи дека на христијаните, вклучувајќи ги и католиците, не им е непознато правење такво зло. […]

Мала излезност и доминација на кандидатите од Нова демократија на локалните избори во Грција


Мала излезност, пресврт во Солун и целосна доминација на Нова демократија во цела Грција, се главните карактеристики што го одбележаа вториот круг од локалните избори. На официјалниот сајт на грчкото МВР по првичните официјални резултати од денешниот втор круг од локалните избори, мапата на Грција со 13те периферии е обоена сина- бојата на Нова демократија, […]

Мета на Столтенберг: Приемот на РС Македонија во НАТО вистинска одлука во потребно време


Албанскиот претседател Илир Мета на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека неговата земја со ентузијазам го очекува скорешното членство во Северноатлантската Алијанса на Република Северна Македонија, јави дописничката на МИА. – Ова е вистинска одлука во потребно време, која го наградува решавањето на билатералните недоразбирања благодарение на конструктивниот ангажман на највисоките […]

(ВИДЕО) Македонец загина во сообраќајка во Хрватска


Еден македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска во 12 часот и 35 минути на автопатот А3 во Хрватска, јавија локалните медиуми. Според Индекс.хр, се судриле македонски камион и автобус од Босна и Херцеговина. Сисачко-мославачката полиција соопштила дека во несреќата загинал возачот на камионот, кој бил македонски државјанин. Во автобусот полесно се […]

Опозицијата во Албанија доби дозвола да протестира само два часа


Обединетата албанска опозиција доби дозвола да протестира два часа од 19 до 21 часот и тоа само пред Владата, на булеварот „Народни херои“, наспроти барањето да протестира до полноќ. Поради протестот, но и посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, зајакнати се безбедносните мерки во албанската метропола. Пред Владата, како и за претходните протести, […]

Земјотресот во Корча оштети 184 објекти


Министертвото за одбрана на Албанија претпладнево го соопшти билансот на последиците од серијата земјотреси што го погодија округот на Корча, јави дописничката на МИА од Тирана. – Евидентирани се 184 оштетени куќи, од нив 60 отсто ненаселени. Со полесни повреди се здобиле четири лица, кои по дадената здравствена услуга се пуштени дома. Поради големи оштетувања […]

Венизелос го напушта Движење на промена


Поранешниот претседател на ПАСОК и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос во пресрет на предвремените парламентарни избори во Грција по средбата со лидерката на Движењето на промена (коалицијата на ПАСОК) ја напушта партијата поради несогласувања и вели дека сега веќе ќе има можност, без партиски обврски динамично да ги брани неговите позиции за […]

Баша го обвини Рама за барањето на Холандија за враќање на визниот режим за Албанија


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, коментирајќи го барањето на Холандија доставено денеска до Брисел за укинување на безвизниот режим за албанските граѓани, директно за тоа го обвини премиерот Еди Рама. Според него, по три позитивни препораки за почеток на преговорите, не само што на Албанија нема да и се даде зелено светло, […]

Сервер: Белград ја призна правниот систем на Koсово во северниот дел


Апсења на криминалци е дел од спроведување на законот и поредокот во Косово, смета Даниел Сервер во однос на завчерашната тензична ситација во Косовска Митровица. Сервер е професор на вашингтонскиот Универзитет за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ и добар познавач на работите на Балканот. – Според договорот потпишан во април 2013 година во Брисел, Белград […]

Ципрас: Да не дозволиме дополнително непочитување на независноста на судството


Предлагам да не дозволиме дополнително непочитување на независноста на судството и на Уставот и законите и разграничување на надлежностите, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната владина седница посветена на изборот на претседател на Врховниот суд, јавен обвинител и тројца потпретседатели на Уставниот суд на Грција, брифираат грчки владини извори. Грчката Влада на вонредната седница […]