Македонци притворени во Будва: Пустошеле на „Словенска плажа“


Црногорската полиција ги уапси македонските државјани Шаип Р. (58) и Тони Т. (52), кои што се сомничат дека изминатите две недели извршиле шест кражби на будванските плажи. Тие, како што пишуваат подгорички „Вијести“ биле откриени откако на туристите на познатата „Словенска плажа“ им rи краделе торбите, а потоа ги оставале под чадорите додека се бањале во море.

Нив ги забележал иннспектор во цивил, кој по службена должност бил на плажата.

„Будванската полиција, за да ги спречи кражбите, назначи одреден број инспектори што секојдневно се во цивил и ја контролираат плажата. Токму во таков случај се уапсени државјаните на Северна Македонија. Ги следел до автомобилот што го паркирале недалеку од плажата, каде им се ставени лисици на рацете и приведени“, велат од тамошната полиција.

Според информациите на весникот, македонските државјани во Будва стигнале пред петнаесетина дена и изнајмиле апартман на море.

„Со автомобилот секој ден доаѓале на плажа, обично ги бирале најпосетените. Користејќи го метежот, незабележано краделе. За жал и мало невнимание на туристите било доволно да останат без своите предмети. Краделе торби со лични работи, паричници, пари, накит, картички за банка, па дури и гардероба“, објаснуваат инспекторите.

На двајцата крадци им е одреден притвор од 72 часа. Тие ги признале шесте кражби.