Пацоли: Косово не ги признава руските пасоши за Украинците


Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли порача дека Косово нема да ги признае пасошите издадени од Русија за жителитена на Доњецк и Луханск во Украина.

Пацоли на својата страница на Твитер напиша дека Косово го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

– Русија треба да прекине со илегалните интервениции во Украина и да ги повлече своите трупи, напиша Пацоли.