Над 50.000 сопственици на илегални објекти во Црна Гора се пријавиле за легализација

Црна Гора – Во Црна Гора за легализација досега се пријавиле повеќе од 50.000 сопственици на бесправно изградени објекти, а од оваа бројка одобрени се 29.000 барања за легалзиација, пренесе телевизијата Нова М.

Иако станува збор за сложен и долготраен процес, надлежните се задоволни од динамиката и воедно ги демантираат информациите дека процесот е запрен, додека директорот на Директоратот за домување Марко Чановиќ за телевизијата Нова М вели дека заради недостг од планови на чекање се само шест отсто од барањата.

Тој објаснува дека кога катастрите ќе го завршат процесот на поклопување со орто-фото снимка, дури тогаш ќе се знае точниот број на нелегални објекти, и дека дури потоа ќе се разгледува дополнителен рок за пријавување на дивите градби.

Кога овој процес почна се претпоставуваше дека во Црна Гора има 100.000 нелегални објекти, но реално, бројката е помала.