Се прошируваат можностите за добивање албанско државјанство: Албанец стануваш и со плаќање


Албанската влада на почетокот на месецов усвои Предлог-закон за начинот како да се добие албанско државјанство и пасош.

Овој Предлог-закон ги прошири можностите за добивање државјанство со уште две точки.

Во изјава за медиумите, заменик-министерката за внатрешни работи на Албанија, Ровена Вода, објасни кои се овие две точки.

-Го додадовме потеклото и раѓањето на албанска територија. По потекло поразбираме лицето да докаже семејната врска во директна линија до трето колено со предците со албанско потекло, рече Вода, пренесува Топ Чанел.

Децата родени надвор од Албанија, но чии родители имаат албанско државјанство, автоматски го стекнуваат државјанството.

-На децата им е полесно да добијат државјанство ако двајцата родители имаат албанско државјанство, додаде Вода.

Новината на овој Предлог-закон е дека Албанија ќе им даде албанско државјанство и на странските инвеститори, за сума што се очекува да биде висока, но која се уште не е утврдена, ќе можат добијат албански пасош.

Според заменик-министерката за внатрешн работи, ова ќе се направи за економски цели на Албанија, избегнувајќи ги сомнежите кои можат да бидат поврзани со незаконски активности на оние што ќе се здобијат со албанско државјанство.

-Ќе бидеме внимателни. Ќе вршиме контрола на инвестицијата и ќе г заштитуваме стандардите за да немаме сомнежи за перење пари,посочи таа.