Ципрас го отстрани речиси едногодишното ембарго за грчката телевизија Скај


По нешто помалку од една година забрана за членови и пратеници на СИРИЗА да се појавуваат на грчката телевизија Скај, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неколку дена пред предвремените парламентарни избори на 7 јули реши да го отстрани ембаргото и да даде интервју за Скај. Оваа негова одлука ја соопшти преку неговиот официјален Твитер […]

По затворените продавници , косовската влада ќе отвори времени продажни пунктови во северно Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека Владата, во соработка со бизнис-заедницата на Косово, организира отворање на привремени продажни пунктови во местата во северно Косово, каде сопствениците Срби денеска ги затворија продавниците во знак на протест поради таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина. Харадинај преку својата страница на Фејсбук порача дека ваквата одлука […]

Познат албански аналитичар најавува смена на Баша со Нишани


Во Албанија наскоро ќе почне движење „Баша оди си“, оцени познатиот албански политички аналитичар, Алфред Пеза, коментирајќи ја реакцијата на поранешната потпретседателка на опозициската Демократска партија (ПД), Јозефина Топали, која актуелниот партиски лидер Љуљзим Баша го нарече „предавник на демократите“. Пеза тврди дека изјавата на Топали покажува оти Баша ги разочарал сите поддржувачи на Демократската […]

Топали го обвини Баша за предавство на 400.000 демократи и му порача да си замине


Поранешната потпретседателка на опозициската Демократска партија(ПД) и екс претседателка на албанскиот парламент Јозефина Топали го обвини актуелниот лидер на партијата Љуљзим Баша за бојкотот на локаланите избори и изгубената власт на локално ниво. Преку статус на Фејсбук, Топали го нарече Баша предавник на 400.000 демократи. -По околу три децении, ПД веќе нема никаква власт. Демократската […]

Хартиените сметки заминуваат во историјата


За трговија на државата и јавниот сектор повеќе нема да се испишуваат хартиени сметки и фактури, туку тие ќе се издаваат само во електронски облик. Како што пренесува хрватски „Дневник“, заради побрза постапката и државата и претприемачите се надеваат на значајни заштеди. Сметките нема повеќе да се испраќаат по пошта, па нема да има ни […]

Затворени продавниците и аптеките во северно Косово


Сите продавници во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, утрово останаа затворени, во знак на протест поради таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Според радиото на српски јазик од Северна Митровица, Радио КиМ, во овие општини не […]

Проектил падна во близина на Никозија, најверојатно залутал од Блиски исток


Неидентификуван објект, кој наликува на проектил, рано изутрина се урна во близина на главниот град на Кипар, Никозија, соопштија турски претставници на островот. Експлозијата се случила околу 1 часот по полноќ во регионот Ташкент, познат како Воуно, 20 километри североисточно од Никозија. Од паѓањето на проектилот се запалил ридот и се слушнала силна бука. Претседателот на […]

Словенија и Италија почнаа заеднички гранични контроли


Словенија– Словенечката и италијанската полиција денеска ќе патролираат долж границата со цел да спречат илегална миграција. Таа мерка е дел од договорот потпишан од две земји, кој се очекува да се спроведе до 30 септември. Според словенечката полиција, планирани се четири заеднички патроли неделно, три на словенечката страна на границата и една на италијанската. Тие […]

Западен Балкан во фокусот на Самитот во Познањ – европска перспектива, но и многу незавршена работа


Западен Балкан повторно ќе биде во фокусот на вниманието во петок кога во полскиот град Познањ треба да се одржи Самитот во рамки на Берлинскиот процес. Најавено е и присуство на германската канцеларка Ангела Меркел на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка […]

Баша: Албанците шокирани од нереагирањето на меѓународните претставници


Претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, во интервју за Ал Џезира, зборувајќи за политичката ситуација во земјата и за денешните локални избори, оценува дека албанските граѓани се шокирани од неангажираноста на меѓународните претставници за поврзаноста на премиерот Еди Рама со организираниот криминал. Тој уште со оценка дека актуелната ситуација во земјата е опасна и може […]

(ВИДЕО) Рама ги руши сите модни правила, на гласање се појави во бермуди


Во соседна Албанија денеска се одржуваат локални избори. Во многу општини опозицијата ги бојкотира изборите, па на гласачките ливчиња има само еден кандидат, и тоа од владејачката партија на премиерот Еди Рама. Имено, тој денеска се појави на гласање облечен во кошула, сако, бермуди и чорапи подигнати речиси до колена, со што предизвика лавина реакции […]

Анкета: Нова демократија може да формира еднопартиска влада


Меѓу 155 и 163 пратенички места освојува Нова демократија, бројка што е доволна за да формира еднопартиска влада, односно ги добива неопходните 151 пратеник, според трите сценарија што произлегуваат од истражувањето на агенцијата за рејтинг ΜRB спроведено за денешното издание на весникот „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. Сценаријата се во однос на […]

Командоси се грижат за безбедноста на амбасадите во Тирана


Припадниците на армиската единица „командоси“ од утрово се грижат за безбедноста на странските амбасади во Тирана, јави дописничката на МИА од Тирана. Тоа е во рамки на планот засилени безбедносни мерки на Министерството за внатрешни работи пред утрешните локални избори во земјата, а по претходен договор со Министерството за одбрана. Албанските командоси задолжени се за […]

Во Дубровник соборен температурниот рекорд за јуни


Во Дубровник вчера се измерени 37,3 степени Целзиусови, со што е соборен температурниот рекорд. Локалните медиуми јавија дека градот е зафатен со таканаречената фенска бура, поради што и во вечерните часови Дубровник беше најтопол град со 33 степени. Инаку, највисоката јунска температура досега во Дубровник е измерена пред 16 години. Во делови на Европа и […]

Илче Костофски кандидат за советник на општина Тирана


Македонецот Илче Колефски е кандидат за советник на Советот на општина Тирана од Партијата на зелените. Тој преку Фејсбук побара поддршка од граѓаните на Тирана, за да сите заедно „да дадат придонес денес, за поинкава Тирана утре“. – Ја презедов ова иницијатива и сакам да го подигнам гласот за еколошките проблеми со кои се соочува […]

Во Хрватска најтопол ден во последните 58 години


Во Пазин, Хрватска, вчера се измерени 35,8 степени Целзиусови, што е најтопол јунски ден во последните 58 години, од кога се вршат редовни метеоролошки мерења. Температурниот рекорд е соборен и на локацијата Парг – Чабар во Горски Котар, каде се измерени 32,5 степени, што е за 1,2 степени повеќе од стариот рекорд од 2003 година.

Северот на Косово пред хуманитарна криза, нема да работат продавниците


  Претседателот на Здружениото на малостопанственици на север во Косово, Радош Петровиќ изјави дека од понеделник, 1 јули, прехранбените продавници, дуќани и киосци, па дури и пекарите нема да работат на север во Косово. Во изјава за Политика тој рече дека тоа е одлучено на состанок на приватници поради наметнатите царини за производи од Србија […]

Имамоглу и официјално градоначалник на Истанбул


Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу денеска и формално стапи на должноста градоначалник на Истанбул, откако во неделата победи на повторените локални избори. Имамоглу, од Републиканската народна партија, доби сертификат со кој официјално ја презема највисоката функција во најголемиот град во Турција, со мандат од пет години. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговата партија Правда […]

Бала: Избори на 30 јуни, а по нив разрешување на Мета


Албанските владејачки социјалисти остануваат на ставот дека ден за одржување на локалните избори во Албанија е 30 јуни, најавувајќи дека веднаш по нивното одржување ќе следува разрешување на шефот на државата Илир Мета. Гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Топ чанел, координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија во албанското Собрание, Таулант Бала оцени дека […]

САД го признаваат 30 јуни за ден на локалните избори во Албанија


Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер изјави дека САД го признаваат 30 јуни, како ден за одржување на локалните избори во Албанија. Реакцијата на високиот американски дипломат доаѓа по одлуката на Мета, кој го определи 13 октомври како нов датум на изборите. Палмер, како што пренесуваат албанските медиуми, за Гласот […]