(ВИДЕО) Хрватската претседателка ќе ви ја прочита приказната за Пипи Долгиот Чорап

Видео во кое хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, во својот кабинет на глас чита дел од книгата „Пипи Долгиот Чорап“, го објави порталот „Индекс“.

Видеото е направено лани во април, а сега, пред изборите во кои Грабар-Китаровиќ ќе се бори за нов претседателски мандат, почна да се шири по социјалните мрежи.

Како што пишува „Индекс“, ова е дел од проектот „Пипи Долгиот Чорап“, кој е започнат од наставничката по хрватски јазик од Шведска, Мартина Михалиќ.

– Драги деца, со задоволство се огласив на молбата на госпоѓа Мартина Михалиќ да ви прочитам дел од мојата драга книга, а се надевам и ваша, „Пипи Долгиот Чорап“, која со години е дел од детството на децата ширум светот, кои уживаат во описите на веселите авантури на ова необично девојче – вели Колинда.