„Газета експрес“: Вонредните избори во Косово на 29 септември


Косово– Косовските политички партии ќе ги измерат силите на вонредни парламентарни избори во последната недела од септември годинава, пишува денеска приштинскиот портал „Газета експрес“, повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на Косово Хашим Тачи. Тачи се очекува да го прогласи 29 септември за ден на изборите, по седницата на косовското Собрание, на 22 […]

Судир на чамци во Грција, двајца загинати


Во морскиот предел во близина на Пелопонез во областа Арголида во Грција, две лица го загубија животот, а една жена е сериозно повредена во судир на два чамци, што се случи доцна синоќа. Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека на едниот 10-метарски чамец имало 10 лица (двајца мажи, три жени и пет деца), сите странски […]

Баша: Избори на есен нема да има, опозицијата бара избори без Рама


Лидерот на албанската Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша демантираше дека во обединетата опозиција има каков било судир или разлики за 13 октомври, датумот кога претседателот Илир Мета ги презакажа локаланите избори. Баша наведе дека 13 октомври го признава како законски ден за локалните избори, но оти тој и ПД се на став дека нема да […]

Од западнонилска треска во Грција починале четири лица


Од почетокот на сезоната, заклучно со вчера, од западнонилска треска во Грција починале четири лица, на возраст од над 80 години, а 35 се заразени, според податоците на националната организација за јавно здравје, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА. Националната организација за јавно здравје, во седмичниот извештајот пишува дека е веројатно и очекувано во следниот период […]

Грабар-Китарoвиќ најави кандидатура за втор мандат


Хрватска– Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китарoвиќ изјави дека ќе се кандидира за вториот мандат на чело на државата, изјавувајќи дека „сега не може да и сврти грб на Хрватска“, пренесе Фена. -Секако, влегувам во кандидатура за нов претседателски мандат, а наскоро и ќе ја објавам. Но, пред тоа, сакам да работам што поголем дел од мандатниот […]

Пет млади лица загинаа во директен судар на Ибарска магистрала


Србија- Пет млади лица ноќеска загинаа во директен судар меѓу возила „БМВ“ и „Дачија“, на Ибарската магистрала, кај местото Жупањ, во Општина Љиг, пренесоа утринава белградските медиуми. Според првичните сознанија уште четири лица, кои во несреќата се здоболе со тешки повреди, се во животно загрозувачка состојба. Несреќата се случила еден час по полноќ. Четири од […]

Британската туристка на грчкиот остров Икариа починала по пад од карпа


Пад од височина е причината за смртта на британската туристка на грчкиот остров Икариа, според управникот на службата за судска медицина, кој денеска изврши обдукција на телото и просторот каде што беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина. Никос Каракукис, управникот на Службата за судска медицина, утрово од Атина пристигна на грчкиот остров за […]

(Видео) Силен земјотрес во југозападна Турција, има затрупани луѓе


Земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во југозападниот турски округ Денизли. Според локални медиуми, од земјотресот урнати се  објекти во кои имало луѓе. Спасувачки тимови презеле операции при што успеале да извадат од урнатините неколку лица кои се хоспитализирани, јави НТВ. Епицентарот на земјотресот што се случи во попладнево […]

Осудената екс-премиерка на Тајланд доби српско државјанство


Поранешната премиерка на Тајланд, Јинглук Шинаватра, која е осудена поради корупција, доби српско државјанство со одлука на Владата во Белград, пишува денеска весникот Неделник. Одлуката, донесена на 27 јуни за упис на Шинаватра во државјанство на Србија, ја потпишала премиерката Ана Брнабиќ врз основа на членот 19, став 1 и 3 од Законот за државјанство. […]

Весели одби да биде премиер на Косово


Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека ја одбил понудата, како претставник на владејачката коалиција, да биде нов премиер на Косово. – Вистина е, имаше понуди да се продолжи овој мандат до 2021 година, со мандатар за премиер од Демократската партија на Косово, односно со мене. Имаше понуди и од партии кои во јавност […]

Вучиќ: Нема решение за Косово ако Србија треба да биде понижена


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека очекува „тешка есен“ по прашањето за Косово, бидејќи верува оти Западот ќе се обиде да го забрза решението за овој проблем, но и повтори дека до решение не може да се дојде ако Србија не добие ништо. Тој додаде дека „не е во прашање само рокот, туку во […]

Денеска обдукција на загинатата британска туристка на грчкиот остров Икариа


Лекар од судска медицина од Атина денеска ќе пристигне на грчкиот остров Икариа за да направи обдукција на телото и да ги одреди причините за смртта на британската туристка, која вчера беше пронајдена мртва, јави дописничката на МИА од Атина. Телото на 35-годишната Натали Кристофер, по 72 часа интензивна потрага, вчера попладне беше пронајдено на […]

Додик: Советот на министри да се формира за еден месец или ќе има длабока криза


Српскиот член во Претседателството на БиХ и претседател на СНСД, Милорад Додик, изјави дека е убеден дека со политичка волја Советот на министри може да се формира за еден месец. За бањалучкиот весник „Новине“ тој кажа дека со Драган Човиќ од ХДЗ и Бакир Изетбеговиќ од СДА ги потпишале принципите и се договориле дека во […]

Евробарометар: Србите повеќе веруваат на своите институции отколку на европските


Србите повеќе им веруваат на институциите на својата држава отколку на Европската унија, покажа најновото истражување на „Евробарометар“. Според податоците добиени од ова истражување, Србија е единствена земја во регионот во која владее доминантна недоверба кон ЕУ и единствена земја во која граѓаните повеќе и веруваат на својата влада отколку на европските институции. На српската […]

Пацоли очекува Томор Морина наскоро да се врати во Косово


Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли очекува поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, кој на 24 јули, врз основа на потерница на Интерпол беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Блаце, наскоро да биде пуштен од притвор и да се врати во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Пацоли преку објава […]

Брнабиќ: Во Косово не се знае кој пие, а кој плаќа


Српската премиерка Ана Брнабиќ коментирајќи ја забраната за влез на граѓаните со српски пасош на Косово, кажа дека тоа е најдобриот показател дека во „квазидржавата“ не се знае „кој пие, а кој плаќа“. -Ми се чини дека сè што прават во таканаречената држава Косово е најдобар показател дека станува збор за квазидржава и дека таму […]

Во британските затвори секој 10-ти затвореник-странец е Албанец


Дури 10 проценти од странските затвореници во Велика Британија се Албанци. Нивниот број се зголемил петпати во изминатите 10 години, оставајќи ги зад себе другите затвореници од полска или романска националност,пренесува тиранската телевизија Ора њуз. Британската полиција, како што наведува телевизијата, потврдува дека албанските банди се најопасни во Велика Британија и главно работат на трговија […]

Осумнаесет повредени мигранти на границата меѓу БиХ и Хрватска


Осумнаесет мигранти најдени се на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, од кои шест се потешко, а 12 полесно повредени. Полицијата потврди дека повредените се примени на лекување во Здравствен дом во Велика Кладуша. – Можам да потврдам дека се случи таков инцидент, но не и детали како се случи со оглед дека колегите […]

Ердоган: Доколку ЕУ сака да стане глобален играч мора прво да ја придобие Турција


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја по секоја цена ќе ги брани своите национални интереси, како низ дијалог и дипломатија, така, доколку има потреба, и со употреба на сила. Ердоган, синоќа во Анкара, во текот на средбата со турските амбасадори, се осврна на актуелните случувања во и околу земјата. Зборувајќи за […]

Косово не го признава српскиот пасош, влез само со лична карта


Дирекцијата на граничната служба на косовската полиција донела одлука за непризнавање на српските пасоши при влез на територијата на Косово, јави РТС повикувајќи се на извори во косовската полиција. Според одлука на граничната полиција, забраната за влез не се однесува на лица кои поседуваат лична карта и извод за деца со фотографија. Одлуката на граничната […]