Од Нова година минималната плата во Хрватска 435 евра


Хрватска – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на владина седница најави зголемување на минималната плата на 3.250 куни (435 евра) од првиот ден на 2020 година. Во мандатот на актуелната хрватска Влада минималната плата во Хрватска е зголемена за околу 100 евра.

Пленковиќ се пофали дека во комбинација со со даночната реформа, зголемени се и приходите и стандардот на граѓаните.

– Владината политика во подрачјето на јавните финансии обезбеди зголемување на приходите на граѓаните и нивниот стандард, а истовремено ја подобри позицијата на Хрватска на меѓународните финансиски пазари, истакна Пленковиќ.

Истовремено, хрватската Влада се откажа од намалување на стапката на ДДВ.

Зборувајќи за ребалансот на буџетот за 2019 година, кој исто така е на владина седница, Пленковиќ нагласи дека ребалансот е во насoкa на планираните трошоци и оти тоа претставува „порака на доверливост, предвидливост и стабилноста на работата на Владата“.

Што се однесува на буџетот за следната година, според појаснувањето на Пленковиќ, се темели на проектираната стапка на раст од 2,5 отсто. Тој го истакна и намалувањето на уделот на јавниот долг во БДП на 71,5 отсто, што според него, ја јакнe хрватската положба на меѓународните финансиски пазари и влијае на подобрување на кредитниот рејтинг.