Потврдено обвинението за загрепскиот градоначалник Бандиќ во аферата „Аграм“


Хрватска – Обвинителскиот совет на загрепскиот Жупаниски суд денеска го потврди обвинението против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, како и против Петар Припуза, второбвинет во афетата „Аграм“, во делот што се однесува на управување со отпадот во градот.

Анто Нобило, адвокатот на Припуза, изјави дека од образложението на одлуката на Обвинителскиот совет јасно е дека темел за таа своја одлука тие нашле во еден дел од наодите на вештаците.

„Вечерњи лист“ пренесува дека Нобило и натаму смета дека во овој случај нема кривично дело и затоа е уверен дека тоа ќе биде утврдено во текот на судската постапка.

-Верувајте ми, ова на крајот ќе биде ослободително, рече Нобило.

Бандиќ во овој случај се товари за злоупотреба на службена положба и тргување со влијание.