Крис Волкер: Се надевам дека Русија ќе побара мир во источна Украина


Специјалниот пратеник на САД за Украина, Курт Волкер изјави дека се надева оти Русија „ќе побара мир и ќе се повлече од источна Украина“, а ако го направи тоа, Вашингтон е подготвен да ја одигра својата улога во процесот на транзиција. Според Волкер, кој е во посета на Варшава, САД и предложиле на Русија, сили …

Крис Волкер: Се надевам дека Русија ќе побара мир во источна Украина Read More »

Харадинај: Немаме доволно гласови за демаркација на границата


По три неуспешни обиди во косовското Собрание за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше потпишан на 26 август 2015 година во Виена, се уште не е сигурно кога тој одново ќе се најде пред пратениците, бидејќи според денешното признание на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, владејачката коалиција се уште …

Харадинај: Немаме доволно гласови за демаркација на границата Read More »

Советот на Европа препорачa државите да промовираат независно и истражувачко новинарство


Советот на Европа денеска им препорача на 47-те држави членки од организацијата да го промовираат независното и истражувачко новинарство. Препораките содржат повик за развој на национални стратегии за разновидноста на средствата за информирање – јавни, локални, прекугранични и малцински. Притоа на државите им се препорачува да обебзедат услови за целосна редакциска и оперативна медиумска независност. …

Советот на Европа препорачa државите да промовираат независно и истражувачко новинарство Read More »

ИД ги повика муслиманите од целиот свет да и се придружат во Авганистан


Џихадистичката група Исламска држава (ИД) упати повик до муслиманките од целиот свет да им се придружат на нејзините борци во авганистанските провниции Џаузџан и Нангархар. Како што јави АФП, повикот е упатен преку 25-минутно видео насловено „Светот на Алах е голем“, во кое се прикажани борци на ИД во реонот на Тора Бора. – Повик …

ИД ги повика муслиманите од целиот свет да и се придружат во Авганистан Read More »

Принц Мохамед бин Саламан: Турција е дел од „триаголникот на злото“


Саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман изјави дека Турција е дел од „триаголникот на злото“ заедно со Иран и исламските екстемистички милитантни групи. Како што објави денеска египетскиот весник „Ал Шурук“, саудискиот принц, исто така, ја обвини Турција дека се обидува да го возобнови Исламскиот Калифат, кој пропадна пред повеќе од еден век со падот …

Принц Мохамед бин Саламан: Турција е дел од „триаголникот на злото“ Read More »

На белгиските граѓани им се делат таблети со јод во случај на нуклеарна катастрофа


Белгиските власти им поделиле денеска на своите граѓани таблети со јод, кои се конзумираат во случај на нуклеарна катастрофа. Таблетите, според наводите на европските медиуми, им се поделени на оние жители кои живеат на растојание од 100 километри од секоја нуклеарна централа. Не се објаснува зошто таблетите се делеле токму денеска, но тоа не е …

На белгиските граѓани им се делат таблети со јод во случај на нуклеарна катастрофа Read More »

Куртулмуш: Сериите се „мека сила“ на Турција


Турскиот министер за култура и туризам Нуман Куртулмуш денеска изрази жалење поради одлуката на најголемиот емитер во арапскиот свет „МБЦ груп“ да го прекине прикажувањето на турските серии во арапските земји, при тоа истакнувајќи дека одлуката е политичка. – Не е работа на двајца или тројца политичари, кои на маса одлучуваат каква програми ќе гледаат …

Куртулмуш: Сериите се „мека сила“ на Турција Read More »

Ирска: Судот отвори пат за одржување референдум за абортус


Ирскиот Врховен суд денеска отвори пат за одржување на референдум за абортус планиран за крајот на месец мај, донесувајќи одлука дека неродените немаат директни уставни права и покрај правото на живот, по осмиот амандман на ирскиот Устав. Владата во јануари предложи одржување на референдум кон крајот на мај, нудејќи им на избирачите можност за првпат, …

Ирска: Судот отвори пат за одржување референдум за абортус Read More »

Пападимулис: Меѓународен договор со надуставна сила е најдоброто решение


Најдобриот начин за да постигнеме решение во македонското прашање е да ја завршиме Времената спогодба од 1995 со меѓународен договор со надуставна сила, смета потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис. Во изјава за радиото 247, тој како пример го споменува Лозанскиот договор од 1923 помеѓу Грција и Турција. – …

Пападимулис: Меѓународен договор со надуставна сила е најдоброто решение Read More »

УНИЦЕФ: На Србија ѝ се заканува брз пад на населението


Од 2011 до 2016 година бројот на деца во Србијa е намален за речиси 40.000, а вкупниот број на жители до 2041 година ќе падне на 5,5 милиони, што е пад за 23 отсто во однос на податоците од пописот на населението во 2011 година. Ова денеска го соопшти директорот на УНИЦЕФ во Србија, Мајк …

УНИЦЕФ: На Србија ѝ се заканува брз пад на населението Read More »

Делави оптимист за демаркацијата на косовско-црногорската граница


Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, е оптимист дека во текот на неделава косовскиот Парламент ќе го  ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Во интервју за порталот „КосСев“, Делави изјави дека изгласувањето за демаркацијата не било никогаш поблиску отколку деновиве. – Признавам дека сум виновен за фактот што сум оптимист. Сметам дека …

Делави оптимист за демаркацијата на косовско-црногорската граница Read More »

Од Франција вратени 178 албански граѓани по одбиен азил


Поголема група албански граѓани денеска од Франција се вратени во Албанија, откако тамошните власти им го одбиле барањето за азил. Од Минстертвото за внатрешн работи во Тирана потврдуваат дека станува збор за 178 албански државјани, кои се транспортирани со авонски лет, овозможен од фрацуската канцеларија за миграција и интеграција. – Други летови на доброволна или …

Од Франција вратени 178 албански граѓани по одбиен азил Read More »

Во Германија недостигаат приближно 1,2 милиони работници


Во Германија во последниот квартал од мината година бројот на слободни работни места достигна до рекордни речиси 1,2 милиони, соопшти Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) во Нинберг. Според стаистиката најголема побарувачка за работници има во преработувачката индустрија и градежниот сектор. Германските градежни фирми во моментот бараат околу 100.000 работници од различни профили. …

Во Германија недостигаат приближно 1,2 милиони работници Read More »

Сорос обвинет дека се обидува да ја дестабилизира Словачка


Американскиот инвеститор со унгарско потекло Џорџ Сорос денска ги отфрли како неосновани обвинувањата на словачкиот премиер Рпберт Фисо дека е вклучен во обид за дестаблизијација на Владата на Словачка. Фицо вчера го обвини претседателот на Словачка, Андреј Киска дека го користи убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, за да ја дестабилизира земјата, …

Сорос обвинет дека се обидува да ја дестабилизира Словачка Read More »

Чавушоглу: Берлин и Анкара се залагаат за територијална целост на Сирија


Берлин и Анкара ќе соработуваат по прашањето за надминување на кризата во Сирија и се залагаат за територијална целост на државата, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу пред средбата со германскиот колега Зигмар Габриел. – Турција и Германија се залагаат за политичка и територијална целост на Сирија. Ќе работиме во таа насока, …

Чавушоглу: Берлин и Анкара се залагаат за територијална целост на Сирија Read More »

БиХ: Македонец уапсен поради убиство пред 18 години


Македонскиот државјанин Назим Броња (44) е уапсен при влез во Босна и Херцеговина поради убиство извршено пред 18 години. Според тамошните медиуми, нашинецот е приведен кога сакал да влезе во Вишеград преку граничниот премин Увац. Тогаш, надлежните забележале дека против него е распишана потерница. Тој се товари дека во почетокот на 2.000 година, заедно со …

БиХ: Македонец уапсен поради убиство пред 18 години Read More »

Албанија од увозник стана извозник на електрична енергија


Наглото топење на снегот и обилните дождови значително го зголемија производството на електрична енергија во Албанија, што овозможи земјата од увозник да стане извозник на струја, јави дописникот на МИА. „Албанската електро корпорација“ (КЕШ) преку тендер во текот на месец март ќе извезе 398.000 мегават часови електрична енергија, во вредност од над 13,4 милиони евра. …

Албанија од увозник стана извозник на електрична енергија Read More »

Нема преживеани од уривањето на руски авион во Сирија


Сите 32 патници и членови на екипажот загинаа денеска при уривање на руски транспортен авион во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Во соопштението се нагласува дека авионот од типот Ан-26 со 26 патници и шест членови на екипажот се урнал при слетување во руската воена база Хмејмим во Сирија. – Според првичните информации …

Нема преживеани од уривањето на руски авион во Сирија Read More »

Бакојани: Турците ги охрабрија Скопјаните да не направат отстапки за основните прашања


Перспективите за сериозно решавање на прашањето за името сѐ повеќе се намалуваат, смета поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, која во интервју за радиото „Real fm“ вели дека грчката влада имала вистинска можност да го реши проблемот, но со начинот на кој управуваше со прашањето, сега води кон ќор-сокак. – Сакам да бидам јасна …

Бакојани: Турците ги охрабрија Скопјаните да не направат отстапки за основните прашања Read More »

ЕУ ќе соработува со Балканот во борбата против тероризмот


Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ в четврток во Брисел ќе разговараат за зајакнување на соработката со земјите од Западен Балкан на полето на безбедноста и борбата против тероризмот и организираниот криминал. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, земјите членки на ЕУ на овој состанок ќе разгледуваат начини како да …

ЕУ ќе соработува со Балканот во борбата против тероризмот Read More »