УНИЦЕФ: На Србија ѝ се заканува брз пад на населението


Од 2011 до 2016 година бројот на деца во Србијa е намален за речиси 40.000, а вкупниот број на жители до 2041 година ќе падне на 5,5 милиони, што е пад за 23 отсто во однос на податоците од пописот на населението во 2011 година.

Ова денеска го соопшти директорот на УНИЦЕФ во Србија, Мајк Сент Лот, на Копаоник бизнис-форумот.

Сент Лот рече дека во тој период и работната сила во Србија значително ќе оствари и оти ќе се намали за 21 отсто.

Тој предупреди и дека Србија веќе некое време се соочува со негативни демографски трендови и оти слабите ресурси на идна работна сила брзо се намалуваат.