Во Германија недостигаат приближно 1,2 милиони работници


Во Германија во последниот квартал од мината година бројот на слободни работни места достигна до рекордни речиси 1,2 милиони, соопшти Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) во Нинберг.

Според стаистиката најголема побарувачка за работници има во преработувачката индустрија и градежниот сектор.

Германските градежни фирми во моментот бараат околу 100.000 работници од различни профили.

Но, недостиг на експерти е забележан во речиси сите сектори, а најбарани се електротехничари, мехатроничари, медицински техничари, програмери, инженери од сите профили, како и лимари и водоинсталатери.

Во Германија традиционално е голема побарувачката за медицински персонал, но во последно време забележан е недостиг на инструктори за возење, што е поврзано со возачи на автобуси и камиони.