Сорос обвинет дека се обидува да ја дестабилизира Словачка


Американскиот инвеститор со унгарско потекло Џорџ Сорос денска ги отфрли како неосновани обвинувањата на словачкиот премиер Рпберт Фисо дека е вклучен во обид за дестаблизијација на Владата на Словачка.

Фицо вчера го обвини претседателот на Словачка, Андреј Киска дека го користи убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, за да ја дестабилизира земјата, при што посочи оти е можно во таквите обиди да е вклучен и Сорос. Според Фицо, Сорос го исокористил своето влијание врз Киска за да го натера да побара формирање нова влада или распишување предвремени избори.

– Господин Сорос нема никаква улога со неодамнешните барања на претседателот Киска, ниту со неодамнешните демонстрации во Словачка, изјави претставник на Сорос.

Киска во неделата изјави дека Словачка се наоѓа во „сериозна политичка криза“, па затоа најави дека ќе иницира разговори со сите парламентарни партии за формирање нова влада или за распишување предвремени избори со цел „да се обнови довербата на јавноста“ по минатонеделното убиство на Куцијак.

Словачкиот претседател нагласи дека негова прва опција би било „опсежна и суштинска реконструкција на Владата за да се спречи поларизација на општеството“, а втора одржување на предвремени парламентарни избори заедно со регионалните, кои се предвидени за на есен.

Телата на убиениот новинар Куцијак и неговата вереница Мартина Куснирова беа пронајдени на 25 февруари во нивната куќа. Извршителите на убиството се уште не се пронајдени, но информациите дека тој работел на сторија за врски на италијанската мафија со лица блиски до премиерот Фицо, поттикнаа шпекулации за поврзаност на убијците со властите, по што во петокот во Братислава и во други градови во Словачка се одржа демонстрации со барање за целосно расветлување на случајот.