Приватна фирма ќе отвори прв крематориум во Грција


Во следните седмици, според грчките медиуми, се очекува да започне со работа првиот крематориум во Грција во сопственост на приватна фирма, а ќе биде отворен во областа Рицона во близина на островот Евија, jави дописничката на МИА од Атина. Приватната компанија, потребните дозволи за работа ги добила пред една година, кога и започнале подготовките за […]

Ципрас: Ставот на Мицотакис за штрајкот е типичен пример на радикална конзервативна перцепција за уставно гарантираното демократско право


Грција– Она што го објави господинот (Киријакос) Мицотакис за штрајкот е типичен пример на радикална конзервативна перцепција за уставно гарантираното демократско право на работниците да штрајкуваат, напиша лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на Фејсбук, одговарајќи на коментарот на грчкиот премиер во однос на вчерашниот генерален штрајк. Поранешниот грчки премиер додава дека „дури ни (Виктор) Орбан […]

Силен земјотрес на грчко- турската граница во Егејското Море


Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран во 7.44 часот по локално време на грчко –турската граница во Егејското море, jави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил 37 километри југоисточно од грчкиот остров Родос. За сега нема информации за повредени лица […]

За девет месеци албанската гранична полиција открила 7.288 нелегални имигранти


Во периодот јануари – септември годинава албанската граничната полиција успешно се справи со зголемениот прилив на нелегални имигранти кои се обидоа да транзитираат низ територијата на Албанија кон земјите членки на ЕУ. Оценката ја соопшти директорот на Управата за граница и миграција,Едуарт Меркај на прес конференцја,на која пезентираше резултати од работата на граничната полиција. -Во […]

И Рама како Заев, не сака предвремени парламентарни избори


Парламентарните избори ќе се одржат во јуни 2021 година, никако порано. Ова е одговорот на албанскиот премиер Еди Рама, со кој ги отфрли гласините дека може да ма предвремени избори по усвојувањето на изборните реформи и најавата на опозицијата дека се подготвува за предвремени парламентарни и локални избори на ист датум. -Изборите ќе бидат во […]

(Фото) Познатата албанска пејачка ја избричи косата поради трогателна причина


Ракот на дојка продолжува да биде рана за денешното општество, и како што известуваат Меѓународните организации, оваа патологија е на прво место по смртност кај жените. Ова е период кога се водат повеќе кампањи за поддршка на оние кои се борат со оваа сериозна болест. Придружувајќи ги овие кампањи, албанската пејачка, Елиза Хоџа,  избра да […]

Баша: Му доставивме план на Рама за излез од кризата, ако не може го спроведе – нека се повлече


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша, по средбата со лидерите на партиите кои ја сочинуваат обединетата опозиција, во кусата изјава за медиумите стави до знаење дека нема намера да се сретне со лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама. Баша рече дека опозицијата му доставила на премиерот Рама план за […]

Кандидатурата за втор мандат на Колинда Грабар-Китаровиќ, „Затоа што верувам во Хрватска“


Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ ја објави кандидатурата за втор мандат, јавуваат хрватските медиуми. Нејзиниот слоган е „Затоа што верувам во Хрватска“. – Вашата доверба е мојата сила. Како претседател секогаш јавно ги искажував најважнит епроблеми, отворајќи јавна расправа по нив и нудејќи ги своите решенија. Сега ја барам вашата доверба за втор мандат […]

Дачиќ: Приштина сака во косовскиот парламент да влезат Срби кои се противаат на државната политика на Србија


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ ги повика Србите во Косово да гласаат за Српската листа, бидејќи како што оцени тоа не е „партиско прашање“. -Приштина сака некој друг да им ги избере претставниците и во косовскиот парламент да влезат Срби кои се противаат на државната политика на Србија, изјави Дачиќ за РТС. Тој за […]

Шиб: Договор со Косово – услов за одлучувачки чекор на Србија во евроинтеграциите


Амбасадорот на Германија во Србија Томас Шиб изјави денеска дека сеопфатен договор со Косово е услов за Србија да го направи „одлучувачкиот чекор“ во процесот на евроинтеграциите. – Германија е за решение и ние сакаме да се постигне сеопфатен договор преку дијалог, што ќе биде услов за Србија да го направи пресудниот чекор кон членството […]

Турција ги забранува електронските цигари


Турската Влада има намера да ја забрани продажбата и увозот на електронски цигари, соопшти министерот за здравство Фахретин Коџа, јави Анадолија. Предлогот ќе биде доставен до Парламентот. Претходно, Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во САД пријави „експлозија“ на белодробни заболувања и респираторни заболувања кај корисниците на е-цигари. Центарот сугерираше луѓето  да ја […]

Захариева: Нашиот услов за Скопје отсекогаш е добрососедски односи


Нашата поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна – има еден многу јасен услов, а тоа се добрососедските односи, изјави вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева. – Не постои начин да се стремите да станете член на ЕУ и да имате нерешени билатерални односи. Тоа не е само бугарски […]

Китаровиќ денеска официјално ја објавува својата кандидатура


Хрватска– Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска ќе ја официјализира својата кандидатура за втор претседателски мандат, објавија хрватските медиуми. Грабар Китаровиќ најави дека ќе влезе во трката за реизбор за претседател на Хрватска на почетокот на август во Книн, на централната прослава за одбележување на воено-полициската операција Олуја во 1995 година. Нејзината кандидатура кон средината […]

Грција денеска повторно парализирана од штрајкови


Грција – Без возови, бродови, без вести и информативни емисии, со затворени банки ќе биде денеска Грција и без метро и со скратено работно време на автобусите и тролејбусите во Атина, без јавен превоз во Солун, поради новиот 24часовен штрајк што започна во 6 часот утрово. Синдикатот на работници на Грција за денеска закажа 24часовен […]

МД „Илинден“ бара од Албанија итна ратификација на Спогодбата за отворање на културно-информатвен центар


Македонското друштво „Илинден“-Тирана во име на Македонците во Републка Албанија ја повика владата ѓшто побрзо да го достави до Собранието потпишаниот договор меѓу Северна Македонија и Албанија за отворање на македонскиот културно-информатвен центар во Тирана за негова ратифкација. – Го изразуваме нашето незадоволство бидејќи и по шест месеци од потпишувањето на Договорот меѓу двете држави […]

Амбасада на САД во Приштина: Не поддржуваме никого на парламентрните избори


Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово порача дека официјален Вашингтон нема никакви преференци и не поддржува ниедна партија или кандидат на косовските парламентарни избори што ќе се одржат в недела, на 6 октомври. Во денешното соопштение на американската амбасада се нагласува дека САД го почитуваат правото и одговорноста на оние кои ќе гласаат за […]

Бања Лука: Поранешен министер за образование обвинет за педофилија


Поранешниот министер за образование на Република Српска, Ненад Сузиќ (69), е обвинет за обљуба на дете под 15-годишна возраст, потврдија за „Гласот на Српска“ од Окружното обвинителство на Бања Лука. Оттаму посочуваат дека обвинението е проследено на потврдување до Окружниот суд во Бања Лука. „Со обвинението е предложено на обвинетиот да му биде продолжен притворот. […]

Вучиќ ги повика Србите во Косово да гласаат за Српска листа


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика Србите во Косово на изборите на 6 октомври да гласаат во што е можно поголем број за кандидатите на Српска листа, изјавувајќи дека од сите српски политички партии во Косово, само таа работи „заедно со Белград и централна Србија“. Вучиќ за Радио-Телевизија Србија кажа дека Српската листа доживува […]

Учесниците на косовските избори до сега казнети со 58 илјади евра


Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) при косовската Централна изборна комисија (ЦИК), од 25 септември, кога започна кампањата за изборите што ќе се одржат на 6 октомври, изрече казни за политичките партии во висина од 58.700 евра. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, највисока казна, во висина од 30 илјади евра, ѝ е […]

Мустафа: Косово – Албанија без граници, подготвена е платформа


Министерот за внатрешни работи на Косово, Екрем Мустафа, во ексклузивно интервју за тиранската телевизија Ора њуз, изјави дека е „можно целосно да се отстранат границите меѓу Албанија и Косово“. -Тоа е можен проект, работните групи работеа на Предлог-платформата. Работните групи во Драч седум дена работеа на оваа платформа. Ние ќе се ангажираме во заштита на […]