Уште еден земјотрес во Абланија почувствуван и во Македонија

Земјотрес со епицентар во близината на албанскиот град Корча се случи утринава во 4:28 часот, а беше почувствуван и во југозападниот дел од Македонија, особено во охридскиот и преспанскиот регион.

Земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтер. Земјотрес во истото подрачје беше регистриран и пред два дена.