Синот на Вучиќ заразен со корона вирусот


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека син му Данило има коронавирус и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград, објави РТС.

„Кога почна сè, мојот Данило ми рече дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква за да биде примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, сите те сакаме“, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател неодамна изјави дека син му Данило и ќерка му Милица волонтираат по прогласувањето на епидемијата. На една прес-конференција рече дека неговите деца им носат храна и основни продукти на пензионери.