Најновите резултати во Косово :Самоопределување доби повеќе од 200 илјади гласови


Aжурирани се најновите податоци на веб-страницата на Централна изборна комисија. Според податоците Движењето Самоопределување (ВВ) успеа да добие 200 илјади 134 гласови или 25,61% со што е победничката партија на овие избори. Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) освои 194.443 гласови, или 24,88%, додека Демократската партија на Косово (ПДК) доби 164.557 гласови, односно 21.06%. Од друга …

Најновите резултати во Косово :Самоопределување доби повеќе од 200 илјади гласови Read More »

Во Црна Гора осудени опозициски пратеници поради судир со колеги


Пратеникот на опозицискиот Демократски фронт (ДФ) Милан Кнежевиќ е осуден на четири месеци домашен притвор, а неговите колеги Марина Јочиќ, Бранко Радуловиќ и Милутин Ѓукановиќ на условна казна поради насилно однесување со пратениците на Демократската партија на социјалистите (ДПС) пред две години во Собранието на Црна Гора. Тоа е првостепена пресуда, со можност за жалба. …

Во Црна Гора осудени опозициски пратеници поради судир со колеги Read More »

Вучиќ со Путин во Москва до крајот на годината


Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше денеска телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин на кој е договорено „двајцата претседатели до крајот на годината да се состанат во Москва, за да разменат ставови за најважните ставови, а особено за Косово.“ Како што јави дописникот на МИА од Белград, Путин во разговорот му порачал на Вучиќ дека …

Вучиќ со Путин во Москва до крајот на годината Read More »

(ВИДЕО) ХРТ ги најави изборите во Косово со српското знаме


Во прилог на хрватскиот јавен сервис ХРТ за изборите во Косово во заднина зад презентерката се појави знамето на Србија. „Денес се одржуваат парламентарни избори во Косово, петти во последните 12 години“, рече презентерката најавувајќи го прилогот, додека во заднина стоеше српското знаме, пренесува порталот „Индекс“. Хрватска ја призна независноста на Косово во 2008 година.

Ердоган потврди дека американските трупи се повлекуваат од северниот дел на Сиријa


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган потврди дека американските трупи почнале да се повлекуваат од северниот дел од Сирија, само неколку часа откако повлекувањето го најави Белата куќа. Турција со месеци се заканува дека ќе почне воена операција за протерување на курдските борци од пограничниот регион источно од реката Еуфрат. Ердоган не даде детали за …

Ердоган потврди дека американските трупи се повлекуваат од северниот дел на Сиријa Read More »

Опозицијата победи на парламентарните избори во Косово


Косово – Двете досегашни опозициски партии во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), според официјалните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК), победија на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Врз основа на 99,6 отсто од преброените гласови, партијата на Албин Курти, ВВ, …

Опозицијата победи на парламентарните избори во Косово Read More »

Мирни парламентарни избори во Косово, гласаа 44 отсто од гласачите


Косово–  Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово по затворањето на гласачките места синоќа во 19 часот објави дека гласањето за вонредните парламентарни избори вчера протече мирно и без поголеми инциденти, а своето право на глас го искористија 812.049, или 44,18 од вкупно нешто над 1,9 милиони граѓани со право на глас, јави дописникот на МИА од …

Мирни парламентарни избори во Косово, гласаа 44 отсто од гласачите Read More »

Уште една мигрантска трагедија: Се удави дете од Сирија


Дете од Сирија се удавило на плажа во јужна Грција откако претходно без знаење на родителите го напуштило бегалскиот камп, соопштија денеска грчките власти. Грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти дека детето имало две и пол години. Детето се удавило вчера попладне, откако излегло од кампот во Андравида, во западниот дел на Пелопонез

Косовски избори: До 11 часот гласале речиси десет отсто од гласачите


Косово– Централаната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави дека, според информациите од 94 отсто од гласачките места, на вонредните парламентарни избори своето право на глас до 11 часот го искористиле 174.669 лица, односно 9,64 отсто од регистираните гласачи, јави дописникот на МИА од Приштина. Претседателката на КИЦ Ваљдете Дака на прес-конференција изјави дека во истото време …

Косовски избори: До 11 часот гласале речиси десет отсто од гласачите Read More »

Злоупотреба на службената должност и фалсификувани документи – приведени четири лица во северно Косово


Косово – Косовската полиција информира дека привела четири лица во Северна Митровица, поради непочитување на законите во текот на гласањето за вонредните парламентарни избори во земјата. На барање на надлежен обвинител, во едно гласачко место се приведени претседавачот на комисијата и лицето задолжено за идентификување на гласачите, осомничени дека извршиле кривично дело „Злоупотреба на службената …

Злоупотреба на службената должност и фалсификувани документи – приведени четири лица во северно Косово Read More »

Регистрирани првите нерегуларности на косовските избори


Косово – Невладината организација Демократија на дело (ДнВ) објави дека нејзините набљудувачи на почетокот на гласањето за вонредните парламентарни избори во Косово регистрирале неколку нерегуларности, пред се доцнење на почетокот на гласањето во некои гласачки места. Претставникот на ДнВ Исмет Криезиу информира дека гласањето се одвива на сите гласачки места, но со мало задоцнување се …

Регистрирани првите нерегуларности на косовските избори Read More »

Американскиот амбасадор ги повика косовските граѓани да излезат на гласање


Косово– Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет ги повика утрово косовските граѓани да излезат и да го дадат својот глас на вонредните парламентарни избори. Коснет преку објава на Твитер им порача на Косовците дека секој нивни глас е значаен и дека треба да гласаат заради сопствената иднина. – Добро утро гласачи на …

Американскиот амбасадор ги повика косовските граѓани да излезат на гласање Read More »

Дендиас- Помпео: Нова ера во грчко – американските односи


Грција– Протокол со амандмани на веќе постоечкиот Договор за одбранбена соработка од 90те години меѓу Грција и САД потпишаа шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и американскиот државен секретар Мајк Попмео на нивната денешна средба во грчкото МНР. Помпео рече дека Грција е важна за стратешката стабилност во Европа и источниот Медитеран, додека пак Дендиас …

Дендиас- Помпео: Нова ера во грчко – американските односи Read More »

При судир на камион и минибус во Романија загинаа 10 лица


Вкупно десет лица загинаа и седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу камион и минибус што се случи во јужниот дел на Романија. Романската служба за итни случаи соопшти дека се судриле камион и минибус, при што загинале и возачите на двете возила. Локалната полиција отвори истрага за причината за судирот. Светските агенции јавуваат …

При судир на камион и минибус во Романија загинаа 10 лица Read More »

Деветнаесет години од уривањето на режимот на Слободан Милошевиќ


Денеска се навршуваат 19 години од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои заврши владеењето на Слободан Милошевиќ. Демонстрациите во Белград избија откако Милошевиќ одби да ги признае резултатите од изборите за претседател на СР Југославија. На изборите на 24 септември 2000 година, Милошевиќ загуби од кандидатот за ДОС и лидер …

Деветнаесет години од уривањето на режимот на Слободан Милошевиќ Read More »

(ВИДЕО) Вучиќ ги повика Србите да гласаат на утрешните избори во Косово, па прозборе албански


Утре во Косово се одржуваат предвремени парламентарни избори, а српскиот претседател Александар Вучиќ пред одржувањето на изборите ги повика кандидатите на Српска листа во владата на Србија. Тој на прес-конференција ги повика Србите од Косово да гласаат за оваа опција. На прес-конференцијата во Белград, Вичиќ прочита текст на албански јазик, неколку реченици од еден документ …

(ВИДЕО) Вучиќ ги повика Србите да гласаат на утрешните избори во Косово, па прозборе албански Read More »

Укината смртната казна во Република Српска


Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска одлучи да ја укине смртната казна во Република Српска и им даде на властите три месеци да ја избришат таа одредба од Уставот на Република Српска. Уставниот суд на БиХ донесе таква одлука со прифаќање на жалбата на Клубот Бошњаци во Советот на народите на Српска за оцена …

Укината смртната казна во Република Српска Read More »

Утре вонредни парламентарни избори во Косово


Косовските граѓани со право на глас ќе можат утре да гласаат на вонредните парламентарни избори, додека изборниот молк за политичките субјекти кои се натпреваруваат на овие избори започна синоќа на полноќ и ќе трае до затворањето на гласачките места, утре во 19 часот, јави дописникот на МИА од Приштина. Официјалната кампања за овие, седми по …

Утре вонредни парламентарни избори во Косово Read More »

Зајберт: Германија ќе ја продолжи координацијата со САД околу Западен Балкан


Германија сака да продолжи со координацијата со своите американски партнери во поглед на политиката кон Западен Балкан, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт,  по именувањето на Риџард Гренел за специјален пратеник на САД за преговорите помеѓу Белград-Приштина. – Тоа ќе го правиме и сега кога Гренел е специјален пратеник, рече тој на прес-конференција. …

Зајберт: Германија ќе ја продолжи координацијата со САД околу Западен Балкан Read More »

Косово: Партиите за кампања потрошиле над 2 милиони евра


Невладината организација Демократија на дело (ДнВ), која ја следи кампањата за парламентарните избори во Косово, што ќе се одржат на 6 октомври, објави денеска дека политичките партии во првите девет дена од кампањата, која започна на 25 овој месец, а завршува ноќеска на полноќ, на изборни активности потрошиле вкупно 2 милиони и 125 илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Генерална оценка …

Косово: Партиите за кампања потрошиле над 2 милиони евра Read More »