(ВИДЕО) Вучиќ ги повика Србите да гласаат на утрешните избори во Косово, па прозборе албански


Утре во Косово се одржуваат предвремени парламентарни избори, а српскиот претседател Александар Вучиќ пред одржувањето на изборите ги повика кандидатите на Српска листа во владата на Србија. Тој на прес-конференција ги повика Србите од Косово да гласаат за оваа опција.

На прес-конференцијата во Белград, Вичиќ прочита текст на албански јазик, неколку реченици од еден документ од Централната изборна комисија на Косово.

„Листа на кандидатите на политичките субјекти“, вели Вучиќ на албански во видеото.

Веднаш потоа, претседателот му се обраќа на новинарот од Косово, Идро Сефери и го прашува дали добро прочитал.

– Сефери дали го изговорив добро? – прашува Вучиќ.