Брнабиќ ја прими втората доза од Фајзеровата вакцина, отворен кол центар за вакцинација


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска ја прими втората доза на вакцината Фајзер во Институтот Торлак и по тој повод ги повика сите граѓани да се пријават за вакцинација. -Верувам во вакцината и во нашите институции. Ги повикувам граѓаните да го сторат истото, бидејќи заедно можеме да победиме, порача премиерката на својот Инстаграм профил. Вакцината […]

Претседателот Радев сака да ги одложи парламентарните избори во Бугарија


Бугарскиот претседател, Румен Радев, сака да ги одложи парламентарните избори во земјата, што беа планирани за 28 март, и побара промена на постапката за гласање. По повод измените во постапката за гласање, Радев на консултации ги повика претставниците на партијата „Волја“. Претседателот на оваа партија, Веселин Марешки, смета дека ваквите консултации не се прават на […]

Во Турција почна имунизација со кинеската вакцина Синовак


 Во Турција денека почна вакцинацијата против Ковид-19, а први вакцина ќе примат здравствените работници ширум земјата. Претходно, турските регулаторни тела ја одобрија за употреба вакцината на кинеската компанија Синовак Биотек. Турскиот министер за здравство и членовите на научно советодавното тело ги примија првите дози од вакцината пред камери. Следната група која ќе ја прими вакцината […]

Вакцините станаа алатка за политичка борба – граѓаните ги чекаат, елитата се вакцинира


Вакцините станаа алатка на политичка борба, нив  сè уште ги чекаат жителите на Источна Европа, но елитата се вакцинира нелегално, анализира денес Литванското државно радио . Откако бугарските медиуми објавија дека пратеници од владеечките партии се вакцинирале преку ред затоа што наводно медицинските лица што биле на списокот не се појавиле, а вакцините не можат […]

Разголена манекенка стана почесен конзул во Бугарија


Откако Софија побара Орце Камчев да биде почесен конзул на Бугарија во Македонија, но нашата влада не го дозволи тоа, уште еден конзулски скандал ја тресе оваа соседна држава, кој покажува на кое ниво се одвива бугарската политика и со какви средства се штитат одредени луѓе од евентуален прогон за корупција. Сите бугарски медиуми овие […]

Во Словенија рестиктивните мерки продолжени до 22 јануари


Поголемиот број постоечки епидемиолошки мерки, што се во сила речиси три месеци во Словенија, ќе бидат продолжени до 22 јануари, одлучи словенечката Влада. Единствена поголема измена е продолжување на формалната состојба на епидемија во земјата за 60 дена. Изменети се и правилата за лицата кои живеат во пограничната зона и имаат земјиште од двете страни […]

Чедомир Јовановиќ на морфиум, се справува со последиците од Ковид-19


Србија- Српскиот лидер на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ, конечно спиел цела ноќ без болка, бидејќи терапијата што му ја препишале лекарите му донела очекувани резултати, објавија српските медиуми. – Сега е многу подобро. Болката ја снема и тој дише сам. Утврдено е дека нема ништо акутно во неговиот случај. Тој беше подложен на магнетна резонанца […]

Словенија: Партијата на Јанша најпопуларна, но поддршката постојано паѓа


Владејачката Словенечка демократска партија (СДС) продолжува да води на политичкиот терен во последната анкета нарачана од весникот „Дело“, но губи во популарноста втор месец по ред. Партијата ЛМШ на екс-премиерот Марјан Шарец и партијата ДеСУС на аспирантскиот мандатар Карл Ерјавец исто така имаат пад во популарноста, поради растечкото незадоволство од гласачите. Во анкетата на СДС […]

Уште 25 жртви на Ковид-19 во Србија, новозаразени 2.267


  Според последните информации во Србија се регистрирани 2.267 новозарзени а од последиците на вирусот починале 25 лица. Во последните 24 часа се тестирани 12.889 примероци, а 2.437.036 од почетокот на епидемијата. Моментално се хоспитализирани 5.503 пациенти, а 189 се на респиратор. Од почетокот на епидемијата починале 3.664 лица, а стапката на смртност изнесува еден […]

Грција ќе воведе „click in shop“ за одредени продавници


Грција– Услугата „click in shop“, односно посета на продавница по претходно закажан и одреден термин е една од можностите што веројатно ќе се воведе во Грција, а ќе се однесува на продавниците за облека, обувки и за златарите, кои поради карантинот и понатаму се затворени, јави дописничката на МИА од Атина. Едно од сценаријата во […]

Србија во 2020 година ја посетиле 20.452 македонски туристи


Србија – Поради пандемијата со Ковид-19 во 2020 година Србија забележа голем пад на бројот на посети од странски туристи, што достигна ниво од само 24,9 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС). Според официјалната статистика, меѓу вкупно регистрираните 424.479 странски туристи во периодот од јануари до ноември минатата […]

Воз прегази малолетничка што се фотографирала на шините


  Една малолетничка загина кога ја прегази воз во Марибор додека со другарка ѝ се фотографирале на шините. Несреќата се случила во вторникот во 15.10 часот. Возот не можел да закочи толку брзо иако кондуктерот се обидувал да им сигнализира на девојките да се тргнат од шините. Едната девојка починала на местото, а другата во […]

Во Грција регистрирани низа земјотреси, од кои четири над 4 степени


За помалку од еден час, кусо по полноќ, во Грција беа регистрирани четири земјотреси со јачина од 4 до 4,8 степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот на сите земјотреси е во близина на градовите Егио и Нафпактос во западниот дел на Грција. […]

Лоша е грчката идеја за потврда за вакцинација при патувања, вели романскиот претседател Јоханис


Романскиот претседател Клаус Јоханис синоќа изјави дека не е добра идејата за сертификат за вакцинација од Кoвид-19 да се користи за олеснување на патувањата на европските граѓани, посочувајќи на можноста за дискриминација. Тој додаде дека верува дека треба да постојат потврди за вакцинација, но дека мора да се користат од медицински причини, пренесува Аџерпрес. Романскиот […]

Во Словенија од Ковид-19 починаа 60 отсто корисници на старските домови


Според најновите податоци, во Словенија од почетокот на епидемијата од последиците на ковид-19 до сега починале близу 60 отсто луѓе корисници на старските домови. Според податоците на словенечкиот национален Институт за јавно здравје, минатата година во Словенија забележан е 2.891 смртен случај кај лицата заразени со корона вирусот, од кои во 1.682 случаи се работело […]

Јанша: Усвоен планот за вакцинација – прво ранливите групи и постарите лица


Планот за вакцинација против Ковид-19, усвоен од словенечката Влада за првата половина на оваа година, предвидува најпрво да се вакцинираат ранливите групи и постарите лица, додека оние надвор од овие категории ќе бидат вакцинирани на пролет. Ова го изјавија на прес-конференција премиерот Јанез Јанша, кој до именувањето нов министер за здравство, привремено ја извршува и […]

Грција ќе пушти брз воз од Солун до Атина


Грција ќе пушти нов брз воз меѓу Атина и Солун со кој растојанието меѓу двата града ќе се минува за три часа. Брзиот воз ќе го направи своето прво патување на националниот празник на Грција. Цената на билетот сè уште останува мистерија. Грчката железничка компанија „Трансосе“ започна со тестирање на најбрзиот воз во земјата, наречен […]

Во Хрватска стигнаа и првите дози од вакцината на „Модерна“


  Во Хрватска денеска стигнаа првите 3.600 дози од вакцината што ја произведе француската комапнија „Модерна“. Ова го објави на Твитер, портпаролот на Владата, Марко Милиќ. „Целата прва транша ќе се прати за вакцинирање на луѓето против Ковид-19 во Сисачко-мословската жупанија“, напиша тој на Твитер и објави фотографии од првите дози од вакцината на „Модерна“ […]

Албанска академија на науки: Во Албанија околу 600.000 заразени со Ковид-19


 Во последната студија на Албанската академија на науките, реалната бројка на заразени со Ковид-19 во земјата е околу 600 илјади лица, јави дописничката на МИА од Тирана. -Податоците што резултираа со затворање на втората фаза од оваа студија, која беше завршена во декември минатата година, се со идентичен степен на веродостојност како и во сите […]

Ограбена новоотворената ковид-болница во Крушевац


  Од магацинот на новоотворената ковид-болница во Крушевац, соседна Србија непознати крадци однесе ноќеска медицински уреди. Ова го потврди и координаторот на здравствената установа Влада Цветанович, кој вели дека одземени се девет телемедицински системи. Кражбата е забележана утрово, а полицијата извршила увид. На вратата од магацинот нема траги од насилно влегување. Цвијаќновиќ вели дека телемедицинските […]