Уште 25 жртви на Ковид-19 во Србија, новозаразени 2.267


 

Според последните информации во Србија се регистрирани 2.267 новозарзени а од последиците на вирусот починале 25 лица.

Во последните 24 часа се тестирани 12.889 примероци, а 2.437.036 од почетокот на епидемијата.

Моментално се хоспитализирани 5.503 пациенти, а 189 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата починале 3.664 лица, а стапката на смртност изнесува еден отсто.