Ограбена новоотворената ковид-болница во Крушевац
Од магацинот на новоотворената ковид-болница во Крушевац, соседна Србија непознати крадци однесе ноќеска медицински уреди.
Ова го потврди и координаторот на здравствената установа Влада Цветанович, кој вели дека одземени се девет телемедицински системи.
Кражбата е забележана утрово, а полицијата извршила увид.
На вратата од магацинот нема траги од насилно влегување.
Цвијаќновиќ вели дека телемедицинските системи служат за далечниско следење на здравствената состојба на пациентите.
„Тие уреди се набавени од странство за потребите на нашата ковид-болница. Навистина не знам кому би биле потребни и што ќе прави со нив. Тие не се големи, може да ги собере во една торба“, додава тој, а не знае колкава им е пазарната вредност.