Воз прегази малолетничка што се фотографирала на шините


 

Една малолетничка загина кога ја прегази воз во Марибор додека со другарка ѝ се фотографирале на шините.

Несреќата се случила во вторникот во 15.10 часот. Возот не можел да закочи толку брзо иако кондуктерот се обидувал да им сигнализира на девојките да се тргнат од шините.

Едната девојка починала на местото, а другата во многу тешка психичка состојба е пренесена во болница.

Истрагата покажала дека малолетничките се фотографирале меѓу шините, а дека патничкиот воз кој сообраќал на линијата Љубљана – Марибор почнал да им сигнализира порано но поради брзината не можел да закочи на време. Тие се обиделе да скокнат на страна, но предоцна.

Истрагата е во тек.