Српски сеизмолог предупредува дека на Балканот е можен силен земјотрес, не ја исклучува и Македонија


Неодамнешните земјотреси кај Петриња, Дубровник и во Албанија се доказ дека сеизмичката активност на ова подрачје не запира, но експертите смируваат дека не треба да се очекуваат посилни земјотреси во блиска иднина од оној со јачина од 6,3 степени по Рихтер кај Петриња што го потресе целиот регион. Сеизмологот Славица Радовановиќ за „Блиц“ објаснува дека […]

Повредени и уапсени по синоќешните сериозни инциденти во Атина


Повредени најмалку тројца полицајци, од кои еден посериозно, приведени десет лица, материјална штета на автомобили и продавници, запленети молотови коктели, но и осуда од политичките сили во Грција е исходот од синоќешните протести против полициското насилство во атинската населба Неа Смирни, кои завршија со сериозни инциденти јави дописничката на МИА од Атина. Посериозно е повреден […]

(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина, Мицотакис повика на воздржаност


Грчки полицаец е повреден во главата во вторникот вечерта во судир во предградието на Атина на протест на кој присуствувале 5.000 лица против „полициското насилство“, соопшти полицијата. Полициски службеник кој се здобил со тешка повреда на главата бил пренесен во болница, објави полицијата. „Во овие моменти мора да надвладее воздржаноста и смиреноста“, изјави грчкиот премиер […]

Зголемен број новозаразени во Грција, над 3.000 нови случаи на Ковид-19


Грција- По пауза од помалку од четири месеци, во Грција повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи, иако земјата од почетокот на ноември е во карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 3.215 нови случаи од кои речиси половина се во областа Атика, поширокиот регион на […]

Шефицата на косовската дипломатија поднесе оставка поради афера со наводно купување гласови


Косово– Министерката за надворешни работи и дијаспора во Владата во заминување на Косово, Мелиза Харадинај-Стубла поднесе денеска оставка од функцијата, откако во јавноста се појави снимка, според која нејзиниот сопруг наводно потплатува членови на изборна комисија за да ѝ ги обезбеди потребните гласови за да стане пратеничка во новото Собрание на Косово, јави дописникот на МИА […]

ЕАСО: Албанија лани втора во светот по бројот на баратели на азил во ЕУ


Албанија – Најновите податоци објавени од Европската канцеларија за азил (ЕАСО) потврдуваат дека и покрај пандемијата не е за потценување бројот на албанските граѓани кои минатата година побарале азил во некоја од земјите членки на ЕУ. -Во 2020 година имало околу 6.600 барања и повторни барања за азил од албански граѓани. Во споредба со пред една […]

Во Турција петмина осудени на доживотен затвор поради убиството на рускиот амбасадор во 2016 година


Турција – Турскиот суд денеска осуди пет лица на доживотен затвор поради учество во убиството на рускиот амнасадор во Анкара, Андреј Карлов во 2016 година. Еден од нив е обвинет како организатор на нападот, а друг осуден е поранешен разузнавач кој доставувал информации за Карлов. Други шестмина се прогласени за невини, додека седум лица се осудени […]

Грција од 14 мај ги отвора границите за туристи, еве под кои услови


Грција најави дека ќе ги отвори границите за туристи, но влезот во земјата ќе биде под одредени услови. Оворањето на грчкиот туризам се очекува на 14 мај и според зборовите на министерот за туризам Харис Теохарис, Грција ќе може да ја гарантира безбедноста на сите свои гости. До тогаш, ограничувањата за патување постепено ќе бидат […]

Јавното претпријатие „Новинска агенција Танјуг“ избршано од српскиот регистер на стопански субјекти


Јавното претпријатие Новинска агенција Танјуг денеска беше избришана од Регистарот на деловни субјекти што го води српската Агенција за деловни регистри (АПР), јавија белградски медиуми. Одлуката за бришење на Танјуг од АПР беше донесена по пријава доставена денеска од поранешната директорка на таа новинска агенција, Бранка Ѓукиќ, јави Бета. Во декември минатата година, Републичката управа […]

Во Босна и Херцеговина вирусот корона коси, 48 починати во еден ден


Во Босна и Херцеговина по неколку неделно затишје, корона вирусот се врати, па така денеска се регистрирани 1.251 заразено лице, а починаа дури 48 пациенти. Тестирани биле 4.681 луѓе. Ден порано, пријавени беа 393 новозаразени, а починаа 38 пациенти. Во Федерацијата тестирани биле 3.649 примероци, од кои 949 биле позитивни. Починале 30 пациенти со Ковид-19, […]

Две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19 во Атина


Поради зголемениот број новозаразени и хоспитализирани и поради големиот притисок врз здравствениот систем во областа Атика, поширокиот регион на Атина, две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Атинските приватни болници, како што утрово соопшти министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, целосно ги отстапуваат нивните клиники, во […]

Повторно земјотрес кај Сисак


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер ја потресе синоќа околу 2 часот околината на хрватскиот град Сисак, соопшти Европскиот медитерански центар за земјотреси (ЕМСЦ). Епицентарот на потресот бил на 14 километри од Сисак, на длабочина од два километри, пренесе Хина. Според описите на локалните жители кои оставаа коментари на страницата на ЕМСЦ, потресот […]

Дури 150 починати последниве 24 часа во Бугарија


Во Бугарија последниве 24 часа се регистрирани 150 смртни случаи од Ковид-19, што покажува дека пандемијата станува се позагрижувачка. Со ова бројката на вкупно починатите лица од короната се искачи на 10.764. Бројката на позитивни случаи денеска изнесува 2.995 од направени 17.056 тестови што изнесува 17,5 отсто. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 263.303 случаи […]

Ѓукановиќ до Владата: Веднаш затворете ги границите и воведете најстроги епидемиолошки мерки


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја повика Владата итно и без одлагање да ги затвори границите и да воведе најстроги епидемиолошки мерки. „Податоците за бројот на починати и новорегистрирани случаи на Ковид-19 се алармантни“, објави Ѓукановиќ на Твитер. Институтот за јавно здравје денеска објави дека во изминатите 24 часа 18 пациенти починале од последиците на коронавирусот, […]

Во Грција вакцината на АстраЗенека ќе се користи и за лицата над 65 години


Комисијата за имунизација во Министерството за здравство на Грција даде зелено светло, вакцината на АстраЗенека да се користи за целото население, односно и за лицата над 65-годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателката на комисијата Мариа Теодориду, на денешната редовна прес-конференција за процесот на имунизацијата во Грција рече дека оваа одлука доаѓа по […]

Грчката влада се надева дека од мај ќе има постепено отворање на туризмот


Се надеваме дека во мај, кога ќе бидат вакцинирани нашите сограѓани над 60 години ќе можеме постепено да го отвориме и туризмот, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, истакнувајќи дека сепак сѐ ќе зависи од епидемиолошката слика во земјата и процесот на имунизација, јави дописничката на МИА од […]

Повторно повеќе од 4.000 новозаразени во Србија, починаа 17 пациенти


Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 13.596 лица за корона вирус, од кои 4.091 биле позитивни, додека починале 17 лица. Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 176 лица на апарати за дишење. Денес се одржа состанок помеѓу министерот за здравство, Златибор Лончар и директорите на ковид-болниците, по што беше […]

Хрватска не престануваат да ја тресат земјотреси


  Денеска околу 13.45 часот во Хрватска бил почувствуван послаб змејотрес, југозападно од Сисак. Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени според Рихтер, со епицентар на 25 километри југозападно од Сисак кај Глина. Сеизмолошката служба дополнително извести дека јачината била 3.6 степени според Рихтер. #potres (#earthquake) 8.3. u 13:44 kod Gline, M3.6. Opširnije na https://t.co/RiVKEPdzPg. […]

Во Албанија загрижувачки раст на младите меѓу новозаразените со Ковид-19


Албанија – Албанија регистрира уште еден неделен црн биланс во однос на починати и новозаразени лица од Ковид-19 откако Министерството за здравство соопшти дека изминатата седмица починале 143 лица, меѓу кои и 22-годишна студентка од Ерсек, без други коморбилитети. Во меѓувреме, според лекарите од Инфективната клиника, се забележува уште еден многу вознемирувачки феномен, а тоа е […]

Во БиХ починаа дури 39 пациенти со Ковид-19


  Според официјалните податоци од Босна и Херцеговина денеска, се пријавени 393 новозаразени до корона вирус, а тестирани биле 2.218 примероци. Починаа дури 39 пациенти. Во Федерацијата се регистрирани 304 позитивни, од 1.718 тестирани. Пријавени се 25 починати или вкупно 2.819. Во Република Српска тестирани се 495 примероци, од кои 86 се позитвини, а починале […]