Хрватска не престануваат да ја тресат земјотреси


 

Денеска околу 13.45 часот во Хрватска бил почувствуван послаб змејотрес, југозападно од Сисак.

Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени според Рихтер, со епицентар на 25 километри југозападно од Сисак кај Глина. Сеизмолошката служба дополнително извести дека јачината била 3.6 степени според Рихтер.

Граѓани јавуваат дека земјотресот го почувствувале и во Загреб и во Сисак.

И синоќа беше забележан еден послаб земјотрес, во 20.54 часот, исто така кај Глина.

Магнитудата била 3,1 според Рихтер, а интензитеотт во епицентарот IV степени според ЕМС скалата, објави Сеизмолошката служба.