Во Босна и Херцеговина вирусот корона коси, 48 починати во еден ден
Во Босна и Херцеговина по неколку неделно затишје, корона вирусот се врати, па така денеска се регистрирани 1.251 заразено лице, а починаа дури 48 пациенти.
Тестирани биле 4.681 луѓе.
Ден порано, пријавени беа 393 новозаразени, а починаа 38 пациенти.
Во Федерацијата тестирани биле 3.649 примероци, од кои 949 биле позитивни.
Починале 30 пациенти со Ковид-19, а вкупно досега 2.849.
Досега потврдени се 89.957 заразени, излечени се 79.410 пациенти/
Во Република Српска тестриани се 984 примероци, а заразени биле 283.
Пријавени се 18 смртни случаи или вкупно 2.315 од почетокот на епидемијата.
Досега оздравеле 36.637 лица.
Во Брчко се регистрирани 19 нови случаи.