Дури 150 починати последниве 24 часа во Бугарија


Во Бугарија последниве 24 часа се регистрирани 150 смртни случаи од Ковид-19, што покажува дека пандемијата станува се позагрижувачка. Со ова бројката на вкупно починатите лица од короната се искачи на 10.764. Бројката на позитивни случаи денеска изнесува 2.995 од направени 17.056 тестови што изнесува 17,5 отсто.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се 263.303 случаи на инфекција во земјата. Активните случаи се 38 424. Излечени последниот ден се 1228. Хоспитализирани се 5.903 лица, од кои 503 се на одделот за интензивна нега.

Досега се администрирани вакцини 294.132 вакцини од почетокот на кампањата за вакцинација во Бугарија. Вопоследните 24 часа се администрирани 5.501 дози вакцини.